Што е ПКК? Организацијата која Турција ја обвинува дека стои зад нападот во Истанбул

Како што информираат од турската влада, зад вчерашниот терористички напад во центарот на Истанбул најверојатно стои Курдистанската работничка партија (ПКК). Според извештајот на Кризната група, само од 2015 година во напади на ПКК биле убиени над 600 цивили.

ПКК е курдска сепаратистичка група која е примарно активна во Северен Ирак и Југоисточна Турција. Групата, составена главно од турски Курди, започна вооружена борба во 1984 година.

Идеологијата на ПКК се заснова на револуционерниот марксизам-ленинизам и сепаратистичкиот етнонационализам. Примарните цели на ПКК ги вклучуваат полицијата, војската и јавниот имот во Турција. ПКК, исто така, напаѓа дипломатски и конзуларни објекти, а се занимава и со шверц на оружје и трговија со дрога.

Курдската партија негира вмешаност во бомбашкиот напад во Истанбул

Првичната цел на ПКК беше да формира независна курдска држава во Југоисточна Турција. Во раните 90-ти, ПКК од руралните бунтовнички активности се префрли на напади врз урбаните центри.

До 1998 година ПКК имаше безбедно засолниште во Сирија. Тогаш нејзиниот лидер Абдула Оџалан мораше да избега од земјата, но беше фатен неколку месеци подоцна. Тој сега издржува доживотна затворска казна во затвор во Турција.

Абдула Оџалан на судењето

По Заливската војна на подрачјето на Северен Ирак, ПКК формираше кампови на различни точки околу планините Кандил каде што беа обучени и се инфилтрираа во Турција за да извршат напади.

ПКК се откажа од насилството од 1999 година до јуни 2004 година, кога нејзиното тврдокорно милитантно крило ја презеде контролата и се откажа од самонаметнатиот прекин на огнот. Во 2009 година турската влада и ПКК ги продолжија мировните преговори. Сепак, разговорите пропаднаа откако ПКК изврши напад во јули 2011 година во кој загинаа 13 турски војници.

Погреб на еден од загинатите војници

ПКК и турските сили се судрија во 2011 и 2012 година, вклучувајќи го и нападот во октомври 2011 година во кој загинаа 24 турски војници во најсмртоносниот инцидент од 1993 година. Во 2018 година беше забележан најголем број напади на ПКК врз турските безбедносни сили.

ПКК има и ограноци и подружници во Иран, Сирија и Ирак. КЦК, на чело со затворениот Оџалан, е истата организација како и ПКК. KCK е PJAK во Иран, Тавгари Азади во Ирак и ПИД/ИПГ во Сирија.

Моментот кога полицијата ја уапси осомничената за нападот во Истанбул

Митинзи и концерти во Европа се организирани од ограноците на ПКК. Според Европската полициска канцеларија (ЕВРОПОЛ), организацијата собира пари од своите членови, користејќи ознаки како „донации“ и „членарина“ кои властите ги сметаат за де факто изнуда и незаконско оданочување. Исто така, постојат индиции дека организацијата е активно вклучена во перење пари, недозволена трговија со дрога и луѓе, како и илегална имиграција во и надвор од ЕУ за финансирање и управување со нејзините активности.

Митинг на ПКК во Брисел, Белгија

Повеќето западни земји ја прогласија ПКК како терористичка организација, вклучувајќи ги САД, ЕУ, Обединетото Кралство, но и земјите каде што тие се активни, како што се Иран, Сирија, и секако Турција. Но, има и земји кои одбиваат да ја означат ПКК како терористичка организација. Пред сè, тоа е Русија, поради традиционално добрите врски на основачот Оџалан со руските тајни служби. Исто така, Швајцарија и Белгија не ја означуваат ПКК како терористичка група.

реклама

3 симптоми на недостаток на витамин Б12 што се забележуваат при јадење

Read more

Сувата уста може да биде предупредувачки знак за сериозни здравствени состојби

Read more

Кардиолозите открија кој протеин е најдобар за здравјето на срцето

Read more

Франција изгуби контрола над делови од Нова Каледонија: Истрели и експлозии одекнуваат низ островот

Read more

Свет

Зеленски: Русија нема сила повторно да го нападне Киев

Read more

Франција изгуби контрола над делови од Нова Каледонија: Истрели и експлозии одекнуваат низ островот

Read more

Ирански командант: Три европски земји ќе одговараат за помошта кон Израел

Read more

Откриен офанзивниот план на Путин: Каде се мести тампон зона?

Read more
 

Вести

Фирма од Чаир монтира небезбедно панорамско тркало во Карпош, обвини Град Скопје

Читај повеќе

Премиера на претставата Парови во Драмскиот театар – Скопје

Читај повеќе

Зеленски: Русија нема сила повторно да го нападне Киев

Читај повеќе

Вработена во МВР фатена со мито од 12.500 евра

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

Франција изгуби контрола над делови од Нова Каледонија: Истрели и експлозии одекнуваат низ островот

Читај повеќе

Судир на два воза во Србија: Има повредени, нема загинати

Читај повеќе

Зa 20 години Хрватска ќе биде празна, младите си заминуваат: Мрачни прогнози на германските медиуми

Читај повеќе

Ирански командант: Три европски земји ќе одговараат за помошта кон Израел

Читај повеќе

Денес малку сонце, па облачно, попладне нестабилно со пороен дожд и грмежи

Читај повеќе