Сигурни ли сте дека сакате секс во тројка?

Сексот во тројка е можеби една од најголемите сексуални фантазии на мажите и на жените, но ако не сте спремни за овој чекор, немојте да експериментирате со него, советуваат сексолозите.

Многу сексолози тврдат дека луѓето се полигамни, кога станува збор за сексот. Затоа, не изненадува фактот дека повеќето луѓе фантазираат за секс со двајца или повеќе луѓе.

Истражување во Велика Британија покажа дека на 40 проценти од мажите и 19 проценти од жените им е привлечна идејата за секс во тројка.

Групниот секс може да послужи како начин на исполнување длабоки еротски потреби за максимално задоволство и ерогена стимулација, но може да биде и средство со кое таа личност се штити од осаменост. Кој психолошки механизам да се крие за тоа, се разликува од човек до човек.

Машкото фантазирање за секс со две жени неретко претставува негов свесен обид во тој момент да добие идеална жена, една која ја сака и една со која има секс, бидејќи тоа „не може“ да го најде во една личност. Често се случува мажите да ги разделуваат љубовта и сексот, ова претставува несвесен обид со друга жена да ги интегрира љубовта и сексот. Бидејќи, сексот со постојана девојка или сопруга е добар, но нешто недостига, можеби малку перверзија, сметаат сексолозите.

Во отворените врски мажот најчесто прв предлага секс во тројка, а само неколку парови разговараат за оваа идеја да се оствари, повеќето со текот на времето се откажуваат.

Сепак, експертите советуваат добро да размислите пред да се впуштите во вакво нешто. Фантазијата и реалноста може различно да ги доживеете, па бидете спремни за изненадувања. Многумина кои ја исполниле оваа фантазија во реалност, длабоко зажалиле за одлуката, но, многумина се возбудени од оваа фантазија токму затоа што никогаш нема да се оствари.

Дури и ако сте уживале во групниот секс, љубомората и паранојата дека на вашиот партнер му се допаѓа трета личност може да доведе до раздор. Многу често се случува возбудата да спласне, па многумина чувствуваат грижа на совест, срамење, жал. Се чувствуваат предадени и мислат дека нема повеќе доверба во врската.

Затоа, добро размислете дали некогаш би можеле да гледате како вашиот партнер ужива во секс со друга личност, без притоа да почувствувате љубомора.

реклама

3 симптоми на недостаток на витамин Б12 што се забележуваат при јадење

Read more

Кардиолозите открија кој протеин е најдобар за здравјето на срцето

Read more

5 најчести грешки кога правите пица дома

Read more

Како настанува нафтата? 5 факти што секој треба да ги знае

Read more

Љубов и секс

Што значи да сте заглавени во врска?

Read more

Не се измачувајте повеќе: Дали е време да раскинете?

Read more

Четири фрази кои најсилните парови редовно ги користат

Read more

Пет знаци дека сте подготвени за нова врска

Read more
 

Магазин

Совршени совети за брзо и лесно чистење на домот

Читај повеќе

5 најчести грешки кога правите пица дома

Читај повеќе

Дали сте подготвени за најмасовниот планински настан во регионот „Sparkasse Life Прв до врв“?

Читај повеќе

Што после средно?

Читај повеќе

3 симптоми на недостаток на витамин Б12 што се забележуваат при јадење

Читај повеќе

Победникот на Евровизија ја повика Швајцарија да воведе трет пол во официјалните документи

Читај повеќе

Предупредувачки симптоми дека имате сериозни проблеми со тироидната жлезда

Читај повеќе

Што можете да направите против опаѓање на косата по породување?

Читај повеќе

Кардиолозите открија кој протеин е најдобар за здравјето на срцето

Читај повеќе