Да го направите вашиот дом чист понекогаш не е толку едноставно како што изгледа, а не постои човек кој не сака да го минимизира бројот на бактерии кои постојано се таложат на некои места.
Едно од тие места е дефинитивно бањата, а хемикалиите за чистење знаат да бидат премногу агресивни, поради што многумина се насочуваат кон поприродни методи. Едно од најсилните средства за чистење е дефинитивно оцетот, со кој можете совршено да ја исчистите вашата бања.
Загрејте го оцетот и во него додадете неколку лажички сода бикарбона, а со оваа смеса премачкајте го казанчето што претходно го испразнивте. Оставете да отстои, а потоа едноставно пуштет водата.
Водата што ќе го наполни казанчето ќе се спушти до шолјата, а комбинацијата од оцет и сода ќе ги исчисти и најзакоравените делови. Кога ќе видите дека вашата шолја сјае, повторно пуштете вода и уживајте во совршено чистиот дел од бањата.