Надлежните тврдат дека се безбедни

Со првата пратка од руските вакцини ќе се вакцинираат хронично болни и луѓето во старeчките домови

Првата пратка од руската вакцина Sputnik V вчера пристигна во земјава. Пристигнати се 3000 дози, а вкупно нарачани се 200 илјади. Надлежните уверуваат дека вакцините се безбедни и ќе обезбедат континуитет на процесот на имунизација.

Први кои ќе се вакцинираат, согласно националниот план, се граѓани со хронични болести и луѓето сместени во старeчките домови.

За начинот како ќе се одвива вакцинацијата, министерот за здравство Венко Филипче вчера при приемот на пратката објасни дека сите ќе бидат известени преку своите матични лекари и повикани на пунктовите кои ќе им бидат најблиску, додека во делот на старечките домови, вакцинирањето ќе се спроведе во домовите.

-Станува збор за вакцини кои што се различни во делот на вакцинацијата и ревакцинација, што значи дека сите овие дози ќе се користат за прва вакцина. Продложува процесот на имузација во доменот на здравствените работници и според индикацијата и на граѓани и онака како што е предвидено во националниот план за вакцинација, рече Филипче.

Вакцината Sputnik V е замрзнат раствор од 0,5 милилитри, за еден корисник, а ќе се чува во фржидерите во пунктот во „Јане Сандански“. Пратката е преземена преку службата на ДХЛ од Москва во Белград каде стигнале и одредени количини за Србија, заедно со овие 3000 за нас.

Во однос на тоа кога ќе пристигне втората пратка, Филипче посочи оти и руската компанија, како останатите, во однос на испораката е под голем притисок од сите земји во светот. Затоа, во текот на следните денови ќе се знае кога пристигнат останатите 200.000.

-Преку личниот ангажман на амбасадорот кој зема обврска да го забрза целиот процес и во директни разговори со претставници на Рускиот инвестициски фонд кој ја менаџира дистрибуцијата на вакцините, не само што имаат обврска да ги пратат и другите 3000 вакцини, туку зборуваме и за останатата динамика. Кога ќе дојдат оние 200.000 веројатно ќе знаеме во некој од следните денови. Како и за другите производители и тука важи тоа дека се под огромен притисок од сите земји во светот, истакна министерот.

Од вакцината Sputnik V нема контраиндикации, уверува Филипче. Постои само препорака за претпазливост кај трудниците и доилките.

Сепак, до овој момент, за ниту една вакцина нема сериозна контраиндикација, ниту е регистриран некаков несакан ефект за време на клиничките студии и потоа, а тимот експерти ги прати буквално сите публикации.

Според амбасадорот на Руската Федерација во земјава, Сергеј Баздникин кој лично се ангажираше овие количини во земјава да стигнат побрзо, оваа вакцина ќе биде од голема важност за спасување на човечките животи, но и за враќање на македонската економија во траекторијата на раст.

-Ние секогаш сме подготвени да им помогнеме на македонските граѓани со кои уживаме во вековните традиции на пријателство и споделуваме заеднички вредности. Имаме многу конструктивна соработка со Владата на РСМ и сме спремни да ја прошируваме врз нови области на основа на еднаквост и взаемно почитување на интереси, рече амбасадорот.

Според Баздникин, Sputnik е првата регистрирана вакцина против COVID-19 во светот. Тој е дециден дека вакцината е апсолутно безбедна и ефикасна и сега станува со право светски „бестселер“.

Со Северна Македонија оваа вакцината е регистрирана во 46 земји во светот вклучувајќи неколку држави во Европската Унија.

Амбасадорот вчера изјави дека е во тек забрзана постапка во Европска агенција за лекови за да ја испитува делотворноста на вакцината врз основа на резултати од досегашните лабораториски испитувања и истражувања.

Во Светската здравствена организација се разгледува барањето за Sputnik да се вклучи во листата на лекови одобрени од СЗО, да се користат за во вонредни ситуации.

Во нашата земја не се намалува бројот на новозаболени од COVID-19. Вчера беа регистрирани нови 333 случаи на COVID-19 во земјава. Оздравени се вкупно 268, а починаа 10 лица.

Досега во земјата од почетокот на пандемијата се направени вкупно 543.254 тестирања на COVID-19, а дијагностицирани се 107.163.

Вкупната бројка на оздравени пациенти е 94.729, а на починати е 3.195. Бројот на активни случаи изнесува 9.239.

реклама

Производи што не треба да се користат по истекот на рокот

Read more

Поразениот Фјури со тешка повреда во болница го испратил победникот Усик

Read more

Зошто никогаш не треба да заспиете пред да полета авионот?

Read more

Го донесе Југото во Америка, а сега претставува електричен автомобил за широките маси

Read more

Македонија

До среда нестабилно време со дожд и грмежи

Read more

Делови од Аеродром, Карпош и Ѓорче Петров утре без струја

Read more

ДИК ги соопшти местата на кои ќе се прегласува на 22 мај

Read more

Кадровски промени на Водно: Правникот Божинов и новинарот Момировски ќе раководат со претседателскиот кабинет

Read more
 

Вести

По обидот за атентат словачкиот премиер Фицо е надвор од животна опасност

Читај повеќе

До среда нестабилно време со дожд и грмежи

Читај повеќе

Во сообраќајката на Водњанска во Скопје со повреди завршија 7 лица

Читај повеќе

Под сомнение за планирање терористички напад во Австрија уапсено е малолетно девојче од Црна Гора

Читај повеќе

Делови од Аеродром, Карпош и Ѓорче Петров утре без струја

Читај повеќе

ДИК ги соопшти местата на кои ќе се прегласува на 22 мај

Читај повеќе

Кадровски промени на Водно: Правникот Божинов и новинарот Момировски ќе раководат со претседателскиот кабинет

Читај повеќе

Судир на 4 возила пред Клинички центар, неколку лица се повредени

Читај повеќе

Потона брод во Црното Море, се трага по исчезнатите членови на екипажот

Читај повеќе