Совет на Европа: Мисата во Сараево може да прерасне во величење на усташкиот режим

Комесарот за човекови права на Советот на Европа, Дуња Мијатовиќ, денеска нагласи дека мисата во Сараево за жртвите на Блајбург на крајот од Втората светска војна може да се претвори во глорификација на усташкиот режим, одговорен за смртта на стотици илјади луѓе.

Мисата планирана во Сараево на 16 мај со намера комеморирање војници и цивили кои загинале во Блејбург на крајот од Втората светска војна, ризикува да ги слави сите оние кои го поддржуваа режимот на усташите кој соработуваше со нацистите и беше одговорен за смртта на стотици илјади, наведува во соопштение Мијатовиќ.

Таа додава дека таквата комеморација ќе биде дополнителен напад врз жртвите на режимот, ќе  удира по идеалите и принципите на антифашизмот врз кој се градеа европските земји по Втората светска војна и ќе направи сериозен удар за напорите за помирување во регионот.

Политичките и верските водачи во регионот треба да работат заедно за да ја обноват довербата меѓу народот и да се воздржат од преземање чекори што предизвикуваат поделби и нетолеранција, се вели во изјавата на Мијатовиќ.

Жестоки осуди во Босна и Херцеговина, соседните земји и меѓународната заедница предизвика мисата што в сабота треба да ја одржи надбискупот Винко Пуљиќ во Сараевската катедрала.

Тагови
реклама

3 симптоми на недостаток на витамин Б12 што се забележуваат при јадење

Read more

Кардиолозите открија кој протеин е најдобар за здравјето на срцето

Read more

5 најчести грешки кога правите пица дома

Read more

Совршени совети за брзо и лесно чистење на домот

Read more

Регион

Судир на два воза во Србија: Има повредени, нема загинати

Read more

Зa 20 години Хрватска ќе биде празна, младите си заминуваат: Мрачни прогнози на германските медиуми

Read more

Рама до Бугарија: Ја блокирате Северна Македонија за да покажете дома колку сте силни, политиката е антиевропска

Read more

Колакушиќ: Евровизија е „лика и прилика“ на Европскиот парламент

Read more
 

Вести

Фирма од Чаир монтира небезбедно панорамско тркало во Карпош, обвини Град Скопје

Читај повеќе

Премиера на претставата Парови во Драмскиот театар – Скопје

Читај повеќе

Зеленски: Русија нема сила повторно да го нападне Киев

Читај повеќе

Вработена во МВР фатена со мито од 12.500 евра

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

Франција изгуби контрола над делови од Нова Каледонија: Истрели и експлозии одекнуваат низ островот

Читај повеќе

Судир на два воза во Србија: Има повредени, нема загинати

Читај повеќе

Зa 20 години Хрватска ќе биде празна, младите си заминуваат: Мрачни прогнози на германските медиуми

Читај повеќе

Ирански командант: Три европски земји ќе одговараат за помошта кон Израел

Читај повеќе

Денес малку сонце, па облачно, попладне нестабилно со пороен дожд и грмежи

Читај повеќе