Стариот iPhone работи побрзо ако ја одберете Франција за ваш регион

Ако се сеќавате дека пред неколку години Apple имаше проблеми бидејќи беше откриено дека ги намалува перформансите на старите модели со цел наводно да заштеди батерија. Меѓутоа, ако сте во Франција, ова не важи и вашиот стар телефон ќе работи побрзо.

Според извештаите од корисниците во Кина, сѐ што треба да направите со iPhone телефоните од постарата генерација е да отидете на поставките и да ја изберете Франција како ваш регион. После тоа, вашите перформанси ќе се зголемат, а впечатокот за вашата работа ќе биде видливо подобар.

Причината зошто се случува ова е дека Apple беше казнет во Франција кога беше откриена практиката за намалување на фреквенцијата на работа на процесорот. Оттогаш Apple е многу внимателен кога станува збор за перформансите на iPhone во оваа земја.

Франција е исклучок

Да потсетиме, практиката на Apple да ја намалува брзината со цел да ја зачува батеријата предизвика телефоните да станат значително побавни преку ноќ. После тоа, Apple доби убава казна во Франција со наредба дека не смее повеќе да го прави тоа, а слично се случи и во други региони.

На пример, Apple не плати никаква казна во Кина, но мораше да воведе правило за намалување на цената за замена на батерии. Покрај тоа, Apple мораше да додаде опција за проверка на „здравјето“ на батеријата во самиот систем, за да можат корисниците да го следат статусот на нивната батерија. Корисниците мислеа дека после ова Apple нема да ги намали перформансите на нивните телефони, но се чини дека погрешија.

Remote video URL

Некои корисници добија разлики во перформансите со промената на регионот, особено кај постарите телефони (iPhone 6, 7 и 8). Меѓутоа, ако го направите тестот на телефонот од најновата генерација, ќе видите дека нема разлика, што значи дека Apple сѐ уште не го вовел правилото за намалување на работните фреквенции за своите нови модели.

За тестовите беа користени Antutu и GeekBench 5, а корисниците велат дека постојат значителни разлики во перформансите за време на секојдневната употреба.

Тагови
реклама

Хаос во Берлин, повредени 155 полицајци

Read more

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Read more

Трите најдобри јаглехидрати за спречување воспаленија

Read more

Домашните работи согоруваат калории: Kои согоруваат најмногу?

Read more

Мобилни

Откриени спецификациите на смартфонот Sony Xperia 1 VI

Read more

Boring Phone е антисмартфон создаден во соработка помеѓу Heineken и Bodega

Read more

Samsung повторно е најголем производител на смартфони во светот

Read more

Apple ќе овозможи поправка на iPhone со користење на користени делови

Read more
 

Гик

6G работи 500 пати побрзо од просечните телефони со 5G

Читај повеќе
  • play_arrow

Кинеско летало без екипаж тргна кон темната страна на Месечината

Читај повеќе

Суперсоничниот авион на Boom доби дозвола за суперсоничен пробен лет

Читај повеќе

Откриени спецификациите на смартфонот Sony Xperia 1 VI

Читај повеќе

Првпат досега орангутан забележан како си лекува рана со билки

Читај повеќе

Блокирањето на X платформата веќе не е исто

Читај повеќе
  • play_arrow

Роботското куче на Boston Dynamics доби крзно

Читај повеќе
  • play_arrow

Како годишните времиња функционираат на другите планети?

Читај повеќе

Научници успеаја да ги реконструираат најраните фази на развојот на човечкиот живот

Читај повеќе