СЗО: Делта сојот најмногу циркулира во области каде има помалку вакцинирани

Кајгана/МИА
/ 18.08.2021 / 19:03

Циркулацијата на делта варијантата на коронавирус во области со ниска вакцинација го поттикнува ширењето на COVID-19 низ целиот свет, соопштија денеска претставници на Светската здравствена организација.

– Во многу места во светот каде што има сè повеќе заразени со делта варијантата на коронавирус, дури и во земји кои имаат високо ниво на вакцинација на национално ниво, делта сојот навистина циркулира и се шири во области со мала покриеност со вакцини. Постои многу ограничена и неконзистентна имплементација на јавните здравствени и социјални мерки, изјави епидемиологот на СЗО, Марија Ван Керхове на онлајн прес-конференција.

Според главниот научник на СЗО, Сума Сваминатан, „вакцините без сомнение спречуваат зголемување на бројот на тешки и смртни случаи како последица на делта варијантата на коронавирусот“.

Таа рече дека податоците во моментов не упатуваат дека е неопходна трета доза против COVID-19.

СЗО смета дека најранливите луѓе насекаде во светот треба прво целосно да се вакцинираат, а дури потоа во богатите земји треба да се започне со трета доза на вакцинација.

Тагови
реклама

Една навика после јадење ќе ви го подобри варењето и здравјето на цревата

Read more

Како настанува нафтата? 5 факти што секој треба да ги знае

Read more

Сувата уста може да биде предупредувачки знак за сериозни здравствени состојби

Read more

Најлоши места во домот за собни растенија

Read more

Свет

Израелците со тенк убија 5 свои војници во Газа

Read more

Си го пречека Путин: Претседателе, мој стар пријателе, добредојде

Read more

Фицо опериран, се очекува да преживее - министрите ги обвинија новинарите за атентатот

Read more

Атентаторот на Фицо: Пукав зошто не се согласувам со политиката на владата

Read more
 

Вести

Лидерите на земјите од Западен Балкан со заедничка изјава остануваат посветени на процесите за членство во ЕУ

Читај повеќе

Израелците со тенк убија 5 свои војници во Газа

Читај повеќе

Мицкоски: За разлика од Грција, Преспанскиот договор е дел од македонските институции

Читај повеќе

Ахмети најнеомилен, а Димитриевски ги надмина Мицкоски и Ковачевски по популарност, според последните анкети

Читај повеќе

Мицкоски: Во моментот ВМРО-ДПМНЕ има консолидирано точно 61 пратеник

Читај повеќе

Ѓорѓиевски и Ганиу испија кафе во Чаршијата: Обајцата очекуваат вистински партнер во новата влада

Читај повеќе

Силјановска со поглаварите и претставниците на верските заедници: Изразена подготвеност за соработка

Читај повеќе

Македонски Телеком со најголеми просечни брзини и најдобри резултати за вкупните перформанси на мрежата

Читај повеќе

Почина мајката на осомничениот убиец на малата Данка

Читај повеќе