Федерико Кјеза (26) е подготвен да го напушти Јувентус. La Gazzetta dello Sport дури тврди дека италијанскиот репрезентативец им поставил ултиматум на клупските челници.
Откако фудбалерот на Рома, Еван Ндика, држејќи се за градите се сруши на теренот на натпреварот против Удинезе, веднаш беше хоспитализиран и е во стабилна состојба, велат информациите од Италија.
Челниците на Рома ја загубија довербата: Мурињо доби отказ
Португалскиот стручњак од денеска повеќе не е тренер на Рома, соопштија од клубот од главниот град на Италија, а како причина за раскинувањето на соработката се наведени лошите резултати во тековнава сезона.
Мурињо: Луѓето мислат дека се викам Жозе Хари Потер Мурињо и очекуваат чуда
Жозе Мурињо повторно даде легендарна изјава, а во врска со очекувањата на луѓето од неговата работа. „Некои мислат дека сум волшебник“, рече тој, алудирајќи на ликот на Хари Потер од книгите на Џ.К. Роулинг.
Леонардо Бонучи е подготвен да го напушти Унион Берлин. Ветеранот пред шест месеци се пресели во Германија, но не се снајде најдобро и се шпекулира дека ќе се врати во Серија А.