Талески по распитот во СЈО: Постапките за транспортот беа транспарентни

Постапките за обезбедување транспорт за учениците во Битола се транспарентни, а случајот што се води против битолскиот градоначалник, според него, е наметната постапка и политичка хајка.

„Станува збор за наметната постапка и не може врз основа на една снимка да се прави ваква политичка хајка“, изјави битолскиот градоначалник Владимир Талески по излегувањето од Специјалното јавно обвинителство (СЈО), каде беше на распит за случајот „Транспортер“.

Во врска со тендерите за училишниот превоз во Битола, Талески рече дека постапките биле транспарентни и оти тоа ќе го докажат.

Прашан околу информациите дека од куќен притвор ја води општината, битолскиот градоначалник кусо одговори дека има одлука од Обвинителството која тој мора да ја почитува.

Распитот на Талески траеше два и пол часа, а тој во СЈО пристигна точно во 12 часот со полициска придружба, но без лисици на рацете, во придружба на својот адвокат Никола Додовски.

Од исказот на градоначалникот ќе зависи дали СЈО ќе побара продолжување на куќниот притвор кој истекува во четврток.

Специјалното јавно обвинителство ги товари Талески и уште 22 лица за злоупотреби со превозот на ученици во Битола, тешки 360.000 евра, во случајот „Транспортер“.

реклама

3 симптоми на недостаток на витамин Б12 што се забележуваат при јадење

Read more

Поразениот Фјури со тешка повреда во болница го испратил победникот Усик

Read more

Кардиолозите открија кој протеин е најдобар за здравјето на срцето

Read more

Сувата уста може да биде предупредувачки знак за сериозни здравствени состојби

Read more

Македонија

До среда нестабилно време со дожд и грмежи

Read more

Делови од Аеродром, Карпош и Ѓорче Петров утре без струја

Read more

ДИК ги соопшти местата на кои ќе се прегласува на 22 мај

Read more

Кадровски промени на Водно: Правникот Божинов и новинарот Момировски ќе раководат со претседателскиот кабинет

Read more
 

Вести

По обидот за атентат словачкиот премиер Фицо е надвор од животна опасност

Читај повеќе

До среда нестабилно време со дожд и грмежи

Читај повеќе

Во сообраќајката на Водњанска во Скопје со повреди завршија 7 лица

Читај повеќе

Под сомнение за планирање терористички напад во Австрија уапсено е малолетно девојче од Црна Гора

Читај повеќе

Делови од Аеродром, Карпош и Ѓорче Петров утре без струја

Читај повеќе

ДИК ги соопшти местата на кои ќе се прегласува на 22 мај

Читај повеќе

Кадровски промени на Водно: Правникот Божинов и новинарот Момировски ќе раководат со претседателскиот кабинет

Читај повеќе

Судир на 4 возила пред Клинички центар, неколку лица се повредени

Читај повеќе

Потона брод во Црното Море, се трага по исчезнатите членови на екипажот

Читај повеќе