Технолошките гиганти се „победници“ во пандемијата, треба да плаќаат повисок данок

Европскиот комесар за економија и оданочување Паоло Џентилони порача дека технолошките компании се всушност „победници“ во пандемијата со коронавирусот, со оглед на тоа колку заработија, па согласно тоа треба да плаќаат повисок данок во Европа.

CNBC објави дек Џентилони на оваа тема разговарал на Форумот на Европската куќа Абросети, а неговиот коментар следи по опипливиот раздор меѓу САД и ЕУ во врска со оданочувањето на големите технолошки гиганти како Apple, Alphabet и Amazon.

URL

„Тоа е главниот проблем“, додал Џентилони, признавајќи дека има потешкотии во надминувањето на разликите со САД.

Меѓутоа, поранешниот италијански премиер додаде дека веќе не може „да се прифаќа фактот дека овие технолошки гиганти, победниците во кризата, не плаќаат значителна сума во даноци во Европа“.

Европската комисија во 2018 година предложи дигитален данок од 3%, тврдејќи дека даночниот систем треба да се ажурира согласно дигиталното доба. Меѓутоа, Белата куќа рече дека дигиталниот данок е неправеден, бидејќи нерамомерно влијаел врз американските компании.

Во исто време, Европската комисија се изјасни дека дигиталните компании во просек би требало да плаќаат 9,5% данок во споредба со 23,2% колку што плаќаат традиционалните компании.

Меѓутоа, по пандемијата со коронавирусот, технолошките компании остварија огромни заработки, особено поради масовното работење на далечина што го практикуваа речиси сите компании и институции, а високи беа приходите и од купувањето технолошки уреди и симнување бројни апликации.

„Технолошките гиганти, благодарение на нивните платформи, се прогласени за победници во оваа криза, имајќи го предвид економскиот аспект“, рече Џентилони.

Во меѓувреме, на владите очајнички им се потребни дополнителни средства, а наметнувањето нови даноци е еден од клучните начини да се постигне тоа.

Во тој контекст, ЕУ бара да се предложи нов дигитален данок за 2021 година, ако пропаднат преговорите на ниво на OECD  - Организацијата за економска соработка и развој која брои 37 членки.

„Ако не оствариме пристојни резултати на глобално ниво, Европската комисија следната година ќе излезе со свој предлог“, рече Џентилони.

Дополнителен удар беше повлекувањето на САД од преговорите во јуни, што предизвика сомнеж дека ќе има каков било напредок годинава.

Џентилони истакна дека е постигнат одреден напредок, но дека претстојните претседателски избори во САД влијаеле врз тој процес.

„Ова е изборна година во САД и мислам дека тоа има влијание. И покрај тоа, ЕУ би требало да инсистира на итно глобално решение“, порача Џентилони.

реклама

Една навика после јадење ќе ви го подобри варењето и здравјето на цревата

Read more

Како настанува нафтата? 5 факти што секој треба да ги знае

Read more

Сувата уста може да биде предупредувачки знак за сериозни здравствени состојби

Read more

Најлоши места во домот за собни растенија

Read more

Вести

Уредите на Apple наскоро ќе може да се контролираат со очи

Read more

Австралија целосно ги гаси 3G мрежите

Read more

Јапонците ќе го градат првиот брод на пелети

Read more

Минатото лето беше најжешкото во последните 2.000 години

Read more
 

Гик

  • play_arrow

ChatGPT доби надградба на која само небото ѝ е граница

Читај повеќе

Canon потврди: Доаѓа моќниот EOS R1

Читај повеќе

Приватен простор и подобaр мултитаскинг: Пристигна Android 15 Beta 2, еве што сѐ носи

Читај повеќе

Никола Тодороски: „Наша гордост. Наша одговорност“ ми отвори нова перспектива колку може позитивно да се влијае

Читај повеќе

Микробите и нивното изненадувачко влијание врз нашето социјално однесување

Читај повеќе
  • play_arrow

Уредите на Apple наскоро ќе може да се контролираат со очи

Читај повеќе

Игрицата EA FC ја губи лиценцата за Интер во следното издание

Читај повеќе

Австралија целосно ги гаси 3G мрежите

Читај повеќе

Јапонците ќе го градат првиот брод на пелети

Читај повеќе