МЛБ 2023

Тексас Ренџерс за прв пат во историјата ја освоија МЛБ

За прв пат во историјата на 63-години старата франшиза, тимот на Тексас Ренџерс ја освои Светската серија, а во финалето на МЛБ плеј-офот го совлада тимот на Аризона Дајмондбекс. До решавачката победа дојде синоќа на „Чејс Филд“ стадионот во Феникс победувајќи со 5:0, додека вкупниот резултат во серијата гласи 4-1 за Тексас.

Мич Гарвер го прекина нерешениот резултат со РБИ сингл во седмиот ининг, а Јунг и Хајм ја потврдија победата во деветтиот. На овој начин Ренџерс ја освоија долгоочекуваната титула, по двете загубени финалиња во 2010 и 2011 година. А, за подвигот да биде уште поголем, трофејот во МЛБ пристигна по сезона во која Тексашаните загубија дури 102 натпревара!

Remote video URL

Ренџерс имаа перфектен учинок на гостувањата во плеј-офот со 11 победи без пораз, а „есенската класика“ ја завршија со три победи во низа во Аризона. Кори Сигер беше прогласен за најкорисен играч (МВП) во финалната серија. И тоа по вторпат во кариерата, по успехот со Лос Анџелес Доџерс во 2020 година.

Во плеј-офот Тексас Ренџерс почнаа од вајлд-карта серијата елиминирајќи ја Тампа Беј Рејс со 2-0. Потоа во четвртфиналето ги елиминираа Балтимор Ориолес со 3-0, а во полуфиналето Хјустон Астрос со 4-3.

Ова беше второ финале за Аризона Дајмондбекс, кои по поразот од Тексас останаа на едната титула освоена во 2001.

реклама

Голем месечен хороскоп за декември 2023

Read more

Ибра: Имам толку многу пари, а брат ми не успеав да го спасам

Read more

Зошто треба да јадете кисела зелка цела зима?

Read more

Откриено дека црната дупка во центарот на Млечниот Пат ги искривува времето и просторот

Read more

Останати спортови

Спортска повреда: Му замрзнал пенисот за време на скијачка трка

Read more

Чех испиша историја во Англија: Прв професионалец во два различни спорта

Read more

Бизарна ММА ситуација: Камерманот остана во кафезот со борачите

Read more

Бањаја победи во Валенсија и ја одбрани титулата

Read more
 

Спорт

Лука Дончиќ стана татко, добро ја криеja бременоста на свршеницата

Читај повеќе

Меси за Левандовски: Намерно го дриблав

Читај повеќе
  • play_arrow

Циркус во Љубљана, со крпи се обидоа да го исушат теренот

Читај повеќе

Извлечени паровите за елиминациското коло од Купот на Македонија

Читај повеќе

Лазаров го објави поширокиот список за ЕУРО

Читај повеќе

Во Сан Марино бесни на ФИФА: Постигнавме 3 гола и нѐ турнавте на дното

Читај повеќе

Желбите за јадење по натпревар на играчите на Барса од 2014

Читај повеќе
  • play_arrow

И тоа е можно: Реал му забрани на свој фудбалер да зборува за Меси

Читај повеќе

Антонио Конте се враќа во Јувентус

Читај повеќе