Тираносаурус Рекс се движел изненадувачки бавно, покажа ново истражување

Тираносаурус Рекс бил опасен ловец кој се хранел со други диносауруси, но кога станува збор за движењето, изгледа дека имал полежерен пристап.

Според анатомските анализи, холандски научници пресметаа дека нормалната брзина на движењето на тие џинови отприлика изнесувала 1,28 метри во секунда што значи 4,6 километри на час.

Само за споредба, просечната брзина на одење на луѓето е околу 1,34 до 1,42 метри во секунди, односно 4,8 до 5,1 километри на час, пишува Reuters.

Нормалната брзина на одење кај животните може општо да се утврди со набљудување на телата, нивниот природен ритам со оглед на целокупната структура и потребите животното да ја чува енергијата, пишува во студијата на Универзитетот во Амстердам, објавена во Royal Society Open Science.

Во случајот на Т-Рекс, кој бил долг до 13 метри, тежок 9 тони, а кој одел на две нозе, во движењето освен нозете бил вклучена и опашката која се подигала и спуштала еднаш на секој чекор, поддржувајќи го движењето.

Со помош на 3Д реконструкција на модел од скелет, холандските научници ја процениле природната зачестеност на осцилацијата на опашката.

Утврдената брзина на движење од 1,28 метри во секунда е помала од претходните процени. Авторите на студијата напомнуваат дека тоа не било најбрзо движење, туку преферирано одење.

Претходните студии покажаа дека овој предатор не трчал ни 30 км/час.

Remote video URL
Тагови
реклама

Интересот за вакцинација се зголемува, вчера вакцинирани 14.976 граѓани

Read more

Ескалираа судирите меѓу Израел и Хамас, најмалку 40 мртви

Read more

Кладилничарски идиот на денот

Read more

Во тек потрага по 39-годишниот Александар Черговски од Берово

Read more

Наука

Некои вируси имаат различна ДНК која содржи вонземски дел

Read more

Рак на дојка може да се лечи без хемотерапија, тврдат шпански научници

Read more

Пловечка соларна платформа отпорна на урагани станува нов извор на обновлива енергија

Read more

Како САД ја победија Русија во трката за вселената?

Read more
 

Гик

Некои вируси имаат различна ДНК која содржи вонземски дел

Читај повеќе

САД ја тргаат Xiaomi од владината црна листа

Читај повеќе

Рак на дојка може да се лечи без хемотерапија, тврдат шпански научници

Читај повеќе

Пловечка соларна платформа отпорна на урагани станува нов извор на обновлива енергија

Читај повеќе

Boeing 737 Max повторно под лупа поради нови проблеми

Читај повеќе
  • play_arrow

Како САД ја победија Русија во трката за вселената?

Читај повеќе

Facebook воведува ново правило за споделување вести

Читај повеќе

Apple работи на сопствена конзола за видеоигри

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

Чао Бену: Леталото Osiris-Rex се враќа на Земјата со примероци од астероидот

Читај повеќе