УЕФА КОНФЕРЕНЦИСКА ЛИГА 2021/22

Тотенхем го предаде одложениот натпревар и испадна од Конференциската лига

Службена победа од 3:0 за Рен досуди УЕФА откако не можеше да се најде термин за одигрување на натпреварот кој Тотенхем го откажа поради заразени со коронавирусот.

Неславно заврши европската авантура на Тотенхем и тоа со службен пораз. УЕФА сакаше одложениот натпревар од последното коло од фазата по групи против Рен сепак да се одигра за разврската да заврши на фер начин, но откако стана јасно дека во густиот распоред на премиерлигашот нема место за такво нешто - неминовна беше одлуката за резултат на зелена маса.

Тимот на Тотенхем требаше да го нагости француски Рен на 9 декември, но го откажа натпреварот поради низа играчи и членови на тренерскиот тим кои се заразија со COVID-19.

Францускиот прволигаш искажа разочарување што натпреварот се откажа на кратко време пред почетокот, но правилата на УЕФА дозволуваат откажување поради причини поврзани со пандемијата.

На крајот сепак дојде неславната одлука за службена победа, којa на Рен не му менува ништо бидејќи членот на Лиг 1 секако го имаше забетонирано првото место. Одлуката беше дали втор ќе биде холандски Витесе или Тотенхем, кому му требаше победа над Рен за такво нешто. Вака, премиерлигашот останува трет и се соочува со срамна елиминација од новото и најслабо европско клупско натпреварување.

„Со оглед на повеќе позитивни случаи на COVID-19 кај играчи и членови на тренерскиот тим во Тотенхем Хотспар, натпреварот помеѓу Спарс и Рен од УЕФА Конференциската лига сезона 2021/22 не можеше да биде одигран. Според Дисциплинскиот правилник и земена предвид специфичноста на случајот, УЕФА ја донесе следнава одлука: Да се регистрира натпреварот како предаден од страна на Тотенхем кој е приморан за загуби со службени 0:3“, стои во соопштението на УЕФА.

Во веќе извршената жрепка Тотенхем и Витесе беа влечени во едно топче и за противник го добија виенски Рапид, кој сега ќе игра против Холанѓаните.

Можеби елиминацијата на Тотенхем е разочарувачка, но позитивната страна е што клубот ќе може да се фокусира на Премиер лигата каде амбициите се далеку поголеми отколку играњето во третокласното европско натпреварување.

реклама

5 хороскопски знаци ќе бидат на чекор до раскинување во мај

Read more

3 здрави јаглехидрати за контрола на шеќерот во крвта

Read more

Кои се најпродавани автомобили во Европа годинава?

Read more

Гостите секогаш ги забележуваат: 6 ситници кои би можеле да ве посрамотат

Read more

Фудбал

7 фудбалери кои си ја фрлија кариерата во вода

Read more

Меси повторно растура!

Read more

Антонио Конте се враќа: Ќе преземе тим што пропаѓа

Read more

Турското „чудо од дете“ го донесе Реал на дофат до титула

Read more
 

Спорт

  • play_arrow

7 фудбалери кои си ја фрлија кариерата во вода

Читај повеќе
  • play_arrow

Јовиќ им пркоси на законите на гравитацијата

Читај повеќе
  • play_arrow

Леброн ги спаси Лејкерс и го „поништи“ трипл-даблот на Јокиќ

Читај повеќе
  • play_arrow

Меси повторно растура!

Читај повеќе

Антонио Конте се враќа: Ќе преземе тим што пропаѓа

Читај повеќе
  • play_arrow

Турското „чудо од дете“ го донесе Реал на дофат до титула

Читај повеќе

Sport Italia: Се подготвуваат револуционерни промени во Наполи

Читај повеќе

Барди малку претера: Во еден период бев подобар од Лео Меси

Читај повеќе

Кин и Невил: Бевме пијаници, а потоа дојдоа нутриционистите

Читај повеќе