ЛЕТНИ ТРАНСФЕРИ 2023

Тотенхем конечно попушти и се договори со Баерн за Кејн

Филип Здравески
/ 10.08.2023 / 14:02

Од Островот стигнуваат информации дека Тотенхем и Баерн конечно постигнале договор за трансфер на голгетерот Хари Кејн, па сега останува само играчот да ги договори условите.

Откако Тотенхем ја одби понудата вредна 100 милиони, сега се договориле за сума малку поголема од таа, иако засега никој нема информација колку точно ќе треба Баерн да искешира.

Сега останува Хари Кејн да одлучи дали конечно ќе си замине од Лондон, знаејќи дека тој во неколку наврати изјавуваше желба да остане и да го брка рекордот на Алан Ширер за најдобар стрелец во историјата на Премиер лигата.

URL

Кејн е во Тотенхем уште од дете и сениорски фудбал за други екипи има играно само како позајмуван во тинејџерските години. Сепак, и покрај долгото време во Тотренхем, нема освоено ниту еден единствен пехар, дури ниту некој малку важен куп.

Многумина во Англија сметаат дека Кејн сепак нема да ја прифати понудата на тимот од Баварија.

Со тоа не се согласува новинарката Мелиса Реди од Sky Sports, која вели дека Баерн не би вложувал толкав напор да се договори со Тотенхем доколку не би имал гаранција од самиот играч дека ќе дојде во Минхен.

URL

Кејн кон крајот на јули го прослави својот јубилеен 30-ти роденден. Во Премиер лигата има постигнато 213 голови на 320 натпревари, со што е на 2. место на вечната листа зад легендата Алан Ширер кој има 260 голови. За да ја надокнади разликата од 47 голови, Кејн би требал уште барем две сезони да игра во Англија.

Токму тоа е дилемата на англискиот репрезентативец, но во полза на заминување е фактот што тимот очигледно не е кадарен да освојува пехари, а со останување би ризикувал да не освои ништо во кариерата, на страна индивидуалните награди за најдобар стрелец.

Кон крајот на јуни во англиските медиуми излезе информацијата дека Кејн веќе ги има договорено личните услови со Баерн и чека само двата клуба да се договорат за трансферот, нешто што денеска конечно се случи.

Неодамна англиската легенда Гари Линекер го советуваше Кејн да се пресели во Баерн велејќи му дека „фудбалот се игра за тимски трофеи, а не за индивидуални“. За разлика од Тотенхем, Баерн речиси секоја година освојува пехари.

реклама

Ископана човечка коска во дворот на Клиничкиот центар во Скопје

Read more

Заборавете на броењето чекори: Како качувањето по скали влијае на вашето тело

Read more

Зошто оревите се чуваат во замрзнувач?

Read more

„Бомба“ од 4 состојки го топи салото на стомакот

Read more

Фудбал

Парма се врати во Серија А

Read more

Финалето во Лига Европа во 2028 во Белград – Србија со Албанија сака да биде домаќин на У21 ЕУРО

Read more

Модриќ го урна рекордот на Пушкаш стар 60 години

Read more

Премиер лигата на клубовите ќе им го ограничи трошењето

Read more
 

Спорт

Парма се врати во Серија А

Читај повеќе
  • play_arrow

Мадрид ќе добие нов шампион – Рубљов го победи Алкарас

Читај повеќе

Финалето во Лига Европа во 2028 во Белград – Србија со Албанија сака да биде домаќин на У21 ЕУРО

Читај повеќе

Штербик имал срцев удар

Читај повеќе

Модриќ го урна рекордот на Пушкаш стар 60 години

Читај повеќе
  • play_arrow

76ерс со чудесен пресврт избегнаа испаѓање, надежта ја продолжи и Милвоки

Читај повеќе

Премиер лигата на клубовите ќе им го ограничи трошењето

Читај повеќе

Официјални состави: Баерн - Реал Мадрид

Читај повеќе

И Добри Дол ќе има прволигаш: Беса 1976 обезбеди промоција

Читај повеќе