Тренер на бразилски клуб со глава удри судијка, веднаш доби отказ

Тренерот на бразилскиот Деспортиву Феровиарија, Рафаел Сориану, е отпуштен откако на натпревар удри судијка со глава во нос.

На полувремето на средбата на петтата бразилска лига меѓу Деспортиву Феровиарија и Нова Венесија се случија немили сцени кога Сориану изнервиран од делењето правда пријде на судиската тројка и почна да ги навредува.

Главниот судија на мечот му покажа жолт картон, што дополнително го разбесни тренерот. Помошната судијка се обиде да го смири, но тој ја удри со глава во нос, па доби црвен картон од главниот судија.

Челниците на клубот веднаш по натпреварот му врачија отказ.

„Се оградуваме од какво било насилство, посебно над жени. Се извинуваме на судијката во името на клубот, а поради тоа што го направи Рафаел Сориану повеќе не е тренер на нашиот клуб“, стои во соопштението.

URL
реклама

3 симптоми на недостаток на витамин Б12 што се забележуваат при јадење

Read more

Кардиолозите открија кој протеин е најдобар за здравјето на срцето

Read more

5 најчести грешки кога правите пица дома

Read more

Како настанува нафтата? 5 факти што секој треба да ги знае

Read more

Фудбал

Доживотно суспендиран судија: Се качил на бина и славел со тимот на кој му помогнал да победи

Read more

Модриќ и наредната сезона ќе игра за Реал

Read more

Лаутаро Мартинес и Интер работат на продолжување на договорот

Read more

Алегри го напушти Јувентус?

Read more
 

Спорт

  • play_arrow

Доживотно суспендиран судија: Се качил на бина и славел со тимот на кој му помогнал да победи

Читај повеќе

Бекеле по 12 години повторно на Олимписките игри

Читај повеќе

Модриќ и наредната сезона ќе игра за Реал

Читај повеќе
  • play_arrow

Индијана избори мајсторка со Њујорк, катастрофална шутерска вечер на Брансон

Читај повеќе

Лаутаро Мартинес и Интер работат на продолжување на договорот

Читај повеќе

Алегри го напушти Јувентус?

Читај повеќе

Светскиот шампион обвинет за силување ќе оди на психијатриска евалуација

Читај повеќе

Ливерпул објави дека се разделува со двајца фудбалери

Читај повеќе

Французите изненадија со списокот за ЕУРО 2024: Каде се асовите?

Читај повеќе