Турција ја повлече кандидатурата - ЕУРО 2028 ќе се игра на Британските Острови

Филип Здравески
/ 04.10.2023 / 14:18

Денеска Турската фудбалска федерација (ТФФ) соопшти дека земјата се повлекува од кандидатурата за добивање на организацијата на ЕУРО 2028, што значи дека единствениот преостанаат кандидат ќе биде промовиран како домаќин од страна на УЕФА.

Заедничката кандидатура на Англија, Велс, Шкотска, Северна Ирска и Ирска, односно сите репрезентации од Британските Острови (Велика Британија е големиот остров, а Ирска помалиот), остана сама во игра за организацијата на ЕУРО 2028, по што сега останува само УЕФА да ја официјализира нивната организација.

ТФФ соопшти дека Турција се откажува од трката за да се фокусира на добивање на организацијата на ЕУРО 2032. Турците сметаат дека кандидатурата на Британските Острови е фаворит и затоа однапред се откажуваат.

Во вторник, на 10 октомври, УЕФА ќе ги презентира кандидатурите и ќе го прогласи домаќинот, што значи дека официјализацијата ќе се случи многу брзо. Англија еднаш има организирано ЕУРО, она во 1996 година, додека на ЕУРО 2020 меѓу градовите домаќини беа Лондон и шкотски Глазгов. Прв пат европско ќе се игра во Велс, Ирска и Северна Ирска.

Со оглед на тоа што 5 земји ќе бидат домаќини, останува да видиме дали УЕФА ќе им даде директен пласман на сите 5 домаќини, или ќе соопшти некој друг формат на квалификување.

Инаку, освен Велика Британија и Ирска, Британските Острови го опфаќаат и островото Ман, кој има своја репрезентација, но не е членка ниту на УЕФА ниту на ФИФА.

На 12 април годинава кандидатурата на Британските Острови објави листа со 10 стадиони на кои би се играло ЕУРО 2028 и тоа:

„Вембли“ - Лондон, Англија
„Принсипалити“ - Кардиф, Велс
„Хампден Парк“ - Глазгов, Шкотска
„Тотенхем Хотспар“ - Лондон, Англија
„Итихад“ - Манчестер, Англија
„Евертон“ - Ливерпул, Англија
„Сент Џејмс Парк“ - Њукасл, Англија
„Вила Парк“ - Бирмингем, Англија
„Авива“ - Даблин, Ирска
„Кејсмент Парк“ - Белфаст, Северна Ирска

Претходно кандидат за организација на ЕУРО 2028 беше и Италија, но ФИГЦ се откажа уште во февруари 2022, исто така најавувајќи насочување кон ЕУРО 2032.

Русија исто така сакаше да се кандидира и тоа и за двете првентсва во 2028 и 2032 година, но нејзините кандидатури беа одбиени од УЕФА поради суспензијата на Русија која сѐ уште е во тек, а поради војната во Украина.

Што се однесува до ЕУРО 2032, ФИГЦ и ТФФ одлучија да ги спојат нивните кандидатури, а со оглед на тоа што се единствени кандидати, овој континентален собир сѐ поизвесно е дека ќе се одржи во Италија и Турција. Домаќинот за 2032 исто така ќе биде одреден на 10 октомври.

Тагови
реклама

Руски астролог: Два хороскопски знака ќе паднат на дното по 25 јуни

Read more

Кардиолог споделува навика која го спречува создавањето на згрутчувања во крвта

Read more

Издаден налог за апсење за Шојгу и Герасимов за воени злосторства

Read more

Експертите ги избраа најдобрите половни автомобили

Read more

Фудбал

Пикси по елиминацијата: Не загубивме 5:0, па да ни се смеат

Read more

Данците завршија пред Словенците поради гол што го постигнаа пред седум месеци

Read more

Групата Ц го изедначи негативниот рекорд на ЕУРО

Read more

Кој е човекот кој денеска го мрази цела Хрватска: Ова не му е прв скандал

Read more
 

Спорт

Пикси по елиминацијата: Не загубивме 5:0, па да ни се смеат

Читај повеќе

Данците завршија пред Словенците поради гол што го постигнаа пред седум месеци

Читај повеќе

Групата Ц го изедначи негативниот рекорд на ЕУРО

Читај повеќе

Кој е човекот кој денеска го мрази цела Хрватска: Ова не му е прв скандал

Читај повеќе

Голем кикс на Бразил на стартот на Копа Америка

Читај повеќе

Скока бројот на срцеви удари за време на натпревари

Читај повеќе

Дали 16-годишниот Јамал ќе смее да игра по 21 часот?

Читај повеќе

Џорџ и Томпсон си одат од ЛА Клиперс и Голден стејт

Читај повеќе

Коефициентот за нерешено вртоглаво паѓа, сомнеж во регуларноста на натпреварите на ЕУРО

Читај повеќе