Турција: Најмалку 90 мртви во обидот за државен удар

По обидот за државен удар што се случи ноќеска во Турција силите лојални на актуелната власт успеаја да ја вратат контролата во најголемите градови.

Турскиот претседател Реџеп Ердоган се обрати до нацијата преку националната телевизија по воениот обид за државен удар. Тој изјави дека целата ситуација е завршена и дека сите вмешани лица ќе платат за обидот за рушење на легитимно одбраната власт.

Во конфликтот меѓу побунетата војска и полицијата, како  и цивилите, убиени се најмалку 90 луѓе. Конфликтите најмногу се одвивале околу зградата на Парламентот и Палатата на претседателот. Војската пукала кон цивилите.

Ердоган успеа да дојде во Истанбул каде ги повика граѓаните да се борат против предавниците. Guardian пренесува дека се уапсени повеќе од 700 припадници од побунетиот дел на војската, а меѓу нив има и офицери кои биле организатори на државниот удар.

Од друга страна, војници од побунетата војска кои сè уште се на слобода велат дека борбата сè уште трае и дека државниот удар не е завршен.

Според Ердоган, виновник за државниот удар е Фетула Гулен, познат турски и верски лидер кој актуелната власт го смета за водач на терористичката организација FETO.

[jw: https://www.youtube.com/watch?v=NJBCVTyqAGo]
 
[jw: https://www.youtube.com/watch?v=_hzb2D0Ovs8]
 
[jw: https://www.youtube.com/watch?v=mxcfhDnD1Q0]
реклама

Производи што не треба да се користат по истекот на рокот

Read more

Поразениот Фјури со тешка повреда во болница го испратил победникот Усик

Read more

Зошто никогаш не треба да заспиете пред да полета авионот?

Read more

Го донесе Југото во Америка, а сега претставува електричен автомобил за широките маси

Read more

Свет

По обидот за атентат словачкиот премиер Фицо е надвор од животна опасност

Read more

Потона брод во Црното Море, се трага по исчезнатите членови на екипажот

Read more

Зеленски: Русија нема сила повторно да го нападне Киев

Read more

Франција изгуби контрола над делови од Нова Каледонија: Истрели и експлозии одекнуваат низ островот

Read more
 

Вести

По обидот за атентат словачкиот премиер Фицо е надвор од животна опасност

Читај повеќе

До среда нестабилно време со дожд и грмежи

Читај повеќе

Во сообраќајката на Водњанска во Скопје со повреди завршија 7 лица

Читај повеќе

Под сомнение за планирање терористички напад во Австрија уапсено е малолетно девојче од Црна Гора

Читај повеќе

Делови од Аеродром, Карпош и Ѓорче Петров утре без струја

Читај повеќе

ДИК ги соопшти местата на кои ќе се прегласува на 22 мај

Читај повеќе

Кадровски промени на Водно: Правникот Божинов и новинарот Момировски ќе раководат со претседателскиот кабинет

Читај повеќе

Судир на 4 возила пред Клинички центар, неколку лица се повредени

Читај повеќе

Потона брод во Црното Море, се трага по исчезнатите членови на екипажот

Читај повеќе