Турист објави видео од Северна Кореја: Сцени од изолираната земја кои ретко може да се видат

Корисник на TikTok кој неодамна ја посетил Северна Кореја објави клип од улиците на Пјонгјанг, со што го привлече вниманието на многумина.

Снимал луѓе како шетаат по улиците и во метро станицата, момче кое вози велосипед итн. Некои велат дека ова видео изгледа бизарно и дека луѓето се однесуваат како роботи, додека други рекле дека би сакале да ја посетат оваа земја.

„Лудо е што луѓето не знаат за ништо друго освен ова“, „Отсекогаш сум сакал да живеам во 70-тите и 80-тите. Сега знам која земја треба да ја посетам за да го доживеам тоа“, „Не знаев можело да се снима таму“, „Изгледа мирно“, „Би сакал да останам овде“, се дел од коментарите на TikTok. Видеото собра над 2 милиона прегледа на оваа социјална мрежа.

@skinnhandske People of Pyongyang, North Korea #northkorea #travel #traveltiktok #travelbucketlist ♬ Jacob and the Stone (Slowed) - Emile Mosseri & sped up + slowed

На туристите за посета на Северна Кореја им е потребна виза, за која се грижат туристичките агенции кои нудат патувања во таа земја. Постојат голем број правила што треба да се следат, како што се избегнување критикување на режимот, фотографирање и снимање само кога ви е дозволено итн. Во случај да сакате да направите нешто надвор од наведените правила, задолжително е да се консултирате со водич.

Потоа истиот тиктокер објави уште две видеа.

@skinnhandske Suburbs of Pyongyang, North Korea #northkorea #travel #traveltiktok #travelbucketlist ♬ God‘s promise - daniel.mp3

Пјонгјанг е најстариот корејски град. Основан е во 1122 година на местото на главниот град на кралството Тангун. Има многу згради во традиционалниот социјалистички градежен стил. Во градот доминира преголемиот, недовршен хотел „Ryugyong“, кој беше прогласен за најгрдата зграда во светот во анкетата на WeirdAsiaNews.

Вреди да се спомене и кулата Џуче, која е именувана и изградена во чест на идеологијата Џуче, чиј основач се смета за севернокорејскиот лидер Ким Ил Сунг. Изградена е во 1982 година.

Низ градот има многу споменици на „вечниот“ поранешен претседател Ким Ил Сунг. Најважната несоцијалистичка знаменитост е гробот на кралот Донмјеон од кралството Гогурјео.

@skinnhandske North Korean TV #northkorea #travel ♬ originalljud - skinnhandske
реклама

Никол Шерзингер отпатува на Хаваи, позираше во бикини и покажа завидна фигура

Read more

Од имиграција до пол: Што потпиша Доналд Трамп во првите часови од неговиот мандат

Read more

Создадете беспрекорно чисто опкружување со ново ниво на хигиената дома

Read more

Трамп вети дека ќе ја заврши војната во Украина за 24 часа: Имам уште половина ден да го направам тоа

Read more

Чек дис аут

Замена на улоги

Read more

На кафе во кафулето на стогодишната баба Ана

Read more

Ја реновирал куќата и нашол божикен подарок од 1978 година наменет за него

Read more

Како танцуваа Доналд и Меланија Трамп со Илон Маск на новогодишната ноќ?

Read more
 

Магазин

Очите се одличен показател за здравјето, можат да укажат на бројни болести

Читај повеќе

Пет работи што треба да ги направите за подобро ниво на шеќер во крвта

Читај повеќе

Работи што никогаш не треба да ѝ ги правите на вашата мачка

Читај повеќе
  • filter

Создадете беспрекорно чисто опкружување со ново ниво на хигиената дома

Читај повеќе
  • play_arrow

Замена на улоги

Читај повеќе
  • filter

Ќерката на Трамп на свечена вечера во фустан покриен со кристали

Читај повеќе

Денеска е најдепресивниот ден во годината: Зошто е избран третиот понеделник во јануари?

Читај повеќе

Што треба да имате во спалната соба според вашиот хороскопски знак?

Читај повеќе

Како да спречите потемнување на бананите во колачите?

Читај повеќе