УЕФА потврди: Италија и Турција ќе го организираат ЕУРО 2032

Европската куќа на фудбалот денеска потврди дека Италија и Турција ќе бидат домаќини на Европското првенство во 2032 година, а Англија, Велс, Шкотска, Северна Ирска и Ирска го добија ЕУРО 2028.

Двете земји првично имаа поднесено индивидуални кандидатури, но откако стана јасно дека фаворит за ЕУРО 2028 е кандидатурата на Британските Острови, одлучија да се насочат кон ЕУРО 2032 и тоа заедно, со што практично останаа единствени кандидати и УЕФА имаше лесен избор.

УЕФА објави дека двата домаќина презентирале 20 стадиони како потенцијални места на одигрување на натпреварите, но им рекла да одберат 10, по 5 во секоја земја. Стадионите треба да бидат избрани до октомври 2026 година.

URL

„Италија нема организирано важен фудбалски турнир од Италија '90. По 42 години, вистинско време е да ги фокусираме нашите напори и да докажеме дека Италија може да организира“, вели Габриеле Гравина, претседателот на Фудбалската федерација на Италија (ФИГЦ).

Десетте стадиони кои Италија ги има предложено, а од кои ќе треба да одбере 5, се:

„Џузепе Меаца“ - Милано
„Алианц“ - Торино
„Маркантонио Бентегоди“ - Верона
„Луиџи Ферарис“ - Џенова
„Ренато Дал'Ара“ - Болоња
„Артемио Франки“ - Фиренца
„Олимпико“ - Рим
„Диего Армандо Марадона“ - Неапол
„Сан Никола“ - Бари
„Унипол Домус“ - Каљари

Стадионите во Верона, Џенова, Болоња, Фиренца, Неапол и Бари треба да бидат реновирани.

Турција во својата кандидатура ги имаше предложено следниве 10 стадиони, од кои сите се готови и не е планирана додатна интервенција:

„Ататурк“ - Истанбул
„Рамс Парк“ - Истанбул
„Улкер“ - Истанбул
„19 Мај'с“ - Анкара
„Суташ Тимсах Парк“ - Бурса
„Медаш Коња Бујукшехир“ - Коња
„Шенол Ѓунеш“ - Трабзон
„Корендон Ерлајнс“ - Анталија
„Ататурк“ - Ескишехир
„Калјон“ - Газиантеп.

И на ЕУРО 2028 и на 2032 ќе учествуваат 24 репрезентации, со истиот формат на натпреварување кој почна од ЕУРО 2016.

URL

Досегашни домаќини на Европските првенства:

1960: Франција
1964: Шпанија
1968: Италија
1972: Белгија
1976: Југославија
1980: Италија
1984: Франција
1988: Западна Германија
1992: Шведска
1996: Англија
2000: Белгија и Холандија
2004: Португалија
2008: Австрија и Швајцарија
2012: Полска и Украина
2016: Франција
2020: Пан-европско (Азербејџан, Англија, Данска, Германија, Италија, Романија, Русија, Унгарија, Холандија, Шкотска и Шпанија)
2024: Германија
2028: Англија, Велс, Шкотска, Северна Ирска и Ирска
2032: Италија и Турција

реклама

Руски астролог: Два хороскопски знака ќе паднат на дното по 25 јуни

Read more

Кардиолог споделува навика која го спречува создавањето на згрутчувања во крвта

Read more

Издаден налог за апсење за Шојгу и Герасимов за воени злосторства

Read more

Експертите ги избраа најдобрите половни автомобили

Read more

Фудбал

Пикси по елиминацијата: Не загубивме 5:0, па да ни се смеат

Read more

Данците завршија пред Словенците поради гол што го постигнаа пред седум месеци

Read more

Групата Ц го изедначи негативниот рекорд на ЕУРО

Read more

Кој е човекот кој денеска го мрази цела Хрватска: Ова не му е прв скандал

Read more
 

Спорт

Пикси по елиминацијата: Не загубивме 5:0, па да ни се смеат

Читај повеќе

Данците завршија пред Словенците поради гол што го постигнаа пред седум месеци

Читај повеќе

Групата Ц го изедначи негативниот рекорд на ЕУРО

Читај повеќе

Кој е човекот кој денеска го мрази цела Хрватска: Ова не му е прв скандал

Читај повеќе

Голем кикс на Бразил на стартот на Копа Америка

Читај повеќе

Скока бројот на срцеви удари за време на натпревари

Читај повеќе

Дали 16-годишниот Јамал ќе смее да игра по 21 часот?

Читај повеќе

Џорџ и Томпсон си одат од ЛА Клиперс и Голден стејт

Читај повеќе

Коефициентот за нерешено вртоглаво паѓа, сомнеж во регуларноста на натпреварите на ЕУРО

Читај повеќе