Вардар на 60 минути од пласман на „Ф4“ во Келн

Сегед, 5 мај 2019 (МИА) – Екипата на Вардар вечерва од 19 часот во спортската сала „Вароши“ го игра реваншот од четвртфиналето на Лигата на шампионите против ПИК Сегед.

„Црвено-црните“ синоќа го одбработија единствениот тренинг и подготвени се да ги одбранат осумте гола позитива од мечот со Скопје (31-23) со што ќе обезбедат пласман на „Фајнал фор“ турнирот во Келн, кој ќе биде трет за тимот.

Ова ќе биде десетти меѓусебен дуел на двата клуба, откако скопскиот тим славел шест пати, еднаш загубил, а две средби завршиле нерешено. Сезонава во најелитното ракометно натпреварување, Вардар на гости запиша пет победи, два пораза и едно реми, додека Сегед дома има шест триумфи, двапати ремизираа и нема ниту еден пораз.

Во однос на ростерот, Парондо нема да менува ништо во реваншот со ПИК Сегед.

На голот ќе бидат Милосављев и Гедбан, на бековската линија Кристопанс, Карачиќ, Скубе, Горбок, Војводиќ и Кисељев. Дибиров, Шишкарев, Чупиќ, Поповски и Недановски се крилата, додека пикери се Стоилов, Мораес и Калараш.

Натпреварот ќе го пропушти германскиот интернационалец во редовите на Вардар, Кристијан Дисингер поради повреда.

За Вардар ова веројатно ќе бидат последни натпревари во овој состав во Лигата на шампионите, откако сопственикот Сегеј Самсоненко пред првиот четвртфинален натпревар најави дека повеќе нема да го финансира клубот.

Поранешниот прв човек на клубот, Михајло Михајловски во официјално соопштение до јавноста сепак вети дека ќе направи се за оваа екипа и понатаму да остане ракометен бренд во Европа и покрај заминувањето на Русинот.

реклама

5 хороскопски знаци ќе бидат на чекор до раскинување во мај

Read more

3 здрави јаглехидрати за контрола на шеќерот во крвта

Read more

Кои се најпродавани автомобили во Европа годинава?

Read more

Гостите секогаш ги забележуваат: 6 ситници кои би можеле да ве посрамотат

Read more

Ракомет

Вардар го доби дербито против Еурофарм Пелистер, блескаше голманот Томовски

Read more

Познати четвртфиналните двојки во Лигата на шампионите, тронот го брани Магдебург

Read more

Најдебелиот ракометар во светот има нов клуб, доаѓа во соседството

Read more

РФМ ќе ги награди сениорските селекции ако се пласираат на СП и ЕП

Read more
 

Спорт

  • play_arrow

7 фудбалери кои си ја фрлија кариерата во вода

Читај повеќе
  • play_arrow

Јовиќ им пркоси на законите на гравитацијата

Читај повеќе
  • play_arrow

Леброн ги спаси Лејкерс и го „поништи“ трипл-даблот на Јокиќ

Читај повеќе
  • play_arrow

Меси повторно растура!

Читај повеќе

Антонио Конте се враќа: Ќе преземе тим што пропаѓа

Читај повеќе
  • play_arrow

Турското „чудо од дете“ го донесе Реал на дофат до титула

Читај повеќе

Sport Italia: Се подготвуваат револуционерни промени во Наполи

Читај повеќе

Барди малку претера: Во еден период бев подобар од Лео Меси

Читај повеќе

Кин и Невил: Бевме пијаници, а потоа дојдоа нутриционистите

Читај повеќе