Вечната контроверзност на Хаваи пицата со ананас

Ничија страст за пица не е за потценување. Сосот е истурен во дебатите за географската супериорност, тебелото тесто над тенката кора и замрзнатата над свежата. (Секако, второто не е многу за дискусија.)

Сепак, се чини дека ништо не ги дели љубителите на пица како хавајската пица - конвенционална пита со перцепирани непристојности како ананас. Како прво, таа не е ни хавајска по потекло. Второ, ставањето овошје на пица е споредено со чкртање на „Мона Лиза“. Ајде набрзина да го разгледуваме потеклото на овој контроверзен додаток на пица менито.

Многумина ќе се изненадат, амаа пицата Хаваи не потекнува ни блиску до Хавајските острови, таа всушност потекнува од Онтарио, Канада во 60-тите години, кога сопственикот на ресторани и грчки имигрант Сем Панопулос се вратил од Детроит, земајќи примероци од она што тогаш беше новина за Канаѓаните: пицата. Во тоа време, аранжманот со тесто и доматен сос се сметал за „етничка“ храна и не била широко достапна во Канада. Панопулос го зел она што го научил од неговата посета на Детроит, купил мала рерна и почнал да подготвува пици со додатоци како печурки, сланина и пеперони.

Во 1962 година, Панопулос одлучил да додаде уште една опција, нудејќи им на клиентите ананас како изборф. Зад тоа немало никаква гастрономска наука. „Едноставно го ставивме, само за забава, [за да] видиме каков вкус ќе има“, изјави Панопулос за BBC во февруари 2017 година. Тестот за вкус им открил дека слаткоста на ананасот и солениот вкус на додадената шунка направиле убав контраст со солената, тестеста пита. Името Хаваи доаѓа од брендот на конзервиран ананас што го користел Панопулос.

Бидејќи пицата сама по себе била мал новитет во Онтарио, имало мал отпор кон идејата - храната допрва требала да ги инспирира посветените и широко распространетите следбеници во кои ужива денес. (Всушност, Панопулос немал ни наменски кутии за пица. Тој само сечел кругови од картоните што ги набавувал од локална продавница за мебел.) Конзервираниот ананас влегол во канадските шпајзови благодарение на зголемениот интерес за т.н. Тики култура која процветала по Втората светска војна, па така Канаѓаните почанале со задоволство да ја пробуваат и пицата Хаваи.

И им се допаднала. „Бидејќи тие денови никој не мешаше слатко и кисело и сето тоа“, рече Панопулос. „Беше обична, обична храна“.

Како што се појавуваа франшизите за пица во текот на втората половина на XX век, така се појавила и пицата Хаваи, поставувајќи се како дел од менито за луѓе со авантуристичко непце. Но, за секој човек кој е среќен да доживее нешто различно, има некој друг кој смета дека додавањето ананас е одвратно.

Од другата страна на Атлантикот, во земјата која стои зад брендот пица - Италија - нема шанси да најдете пица Хаваи во менијата. Не затоа што Италијанците не сакаат овошја во пица (тоа е мит бидејќи имаат пици со јаболка, со круши, па дури и со цвеќиња) туку од проста причина што ананасот не е нивно овошје. Значи, во прашање е едноставно - инат.

А, во 2017 година, Гудни Т. Јоуханесон, претседателот на Исланд, им кажа на ученици дека би ја забранил пицата со ананас доколку би имал моќ за такво нешто. (Јоуханесон подоцна го повлече коментарот, инсистирајќи дека нема такво влијание, но тоа повеќе звучеше како жалење отколку повлекување.) Истата година, едно истражување во Обединетото Кралство откри дека додека 53% од граѓаните сакаат ананас на нивната пица, 15% би поддржале забрана.

На 8 јуни 2017 година, Панопулос почина на 83-годишна возраст. Откако го продаде својот ресторан во 1980 година, тој во голема мера беше држен надвор од дебатата и се префрли на јадење само замрзнати пити. Што се однесува до Хавајските Острови: се чини дека не им се допаѓа нивниот истоимен деликатес повеќе или помалку од остатокот од светот.

Тагови
реклама

Една навика после јадење ќе ви го подобри варењето и здравјето на цревата

Read more

Како настанува нафтата? 5 факти што секој треба да ги знае

Read more

Сувата уста може да биде предупредувачки знак за сериозни здравствени состојби

Read more

Најлоши места во домот за собни растенија

Read more

Живот

Што можете да направите против опаѓање на косата по породување?

Read more

Трик со две состојки спречува црната облека брзо да избледи

Read more

Најлоши места во домот за собни растенија

Read more

Со еден трик брашното останува свежо и до една година

Read more
 

Магазин

Предупредувачки симптоми дека имате сериозни проблеми со тироидната жлезда

Читај повеќе

Што можете да направите против опаѓање на косата по породување?

Читај повеќе

Кардиолозите открија кој протеин е најдобар за здравјето на срцето

Читај повеќе

Трик со две состојки спречува црната облека брзо да избледи

Читај повеќе

Најлоши места во домот за собни растенија

Читај повеќе

Со еден трик брашното останува свежо и до една година

Читај повеќе

Американски психолог откри кои фрази родителите треба да им ги кажуваат на децата во моменти на лутина

Читај повеќе
  • play_arrow

15 најмистериозни подводни аномалии

Читај повеќе

Најдобрите пијалаци за детоксикација, помагаат и при слабеење

Читај повеќе