Велосипедист 0 – сообраќајна некултура 21

Велат дека сообраќајната култура е показател за општата култура на еден град.

Ако се водиме по ова, Скопје убедливо е една од најнекултурните метрополи, бидејќи се чини дека сообраќајните правила и знаци не им значат ништо на луѓето и мислат дека нивното почитување е произволно и во зависност од нивните лични потреби и расположби во моментот.

Ова важи за млади истари, возачи и пешаци, велосипедисти и тротинести...

Колку за илустрација, ќе ви споделам една едночасовна сообраќајна приказна од возење велосипед од Капитол Мол во скопската населба Аеродром, до Соборниот храм во Скопје, и назад, релација што е покриена со велоинфраструктура. 

2 пешаци се движат долж велосипедската патека свртени со грб кон велосипедистот и не се поместуваат ни при звучен сигнал. Пешачка патека има паралелно со велосипедската, поделени со тревник. При одминување летаат пцовки и коментари „Тука ли најде да возиш?!“

Пешак се движи по велосипедската патека во правец на велосипедистот, не реагира на звучен сигнал за предупредување, оди со главата во телефон. Пешачка патека има паралелно со велосипедската, обележани се и двете. Коментарот на пешакот е „Па ме гледаш, што не ме заобиколиш“.

Пешак со детска количка се движи насреде меѓу пешачката и велосипедската патека, двете патеки се обележани, има и знак. На звучен сигнал да се помести се расправа дека тоа „Не е место за велосипеди“ и „Па кај се брзаш ма ти?!“.

2 велосипедисти чекаат да преминат на семафор во делот за пешаци и неправилно се вклучуваат во тесниот спуштен рабник за да влезат на патеката по преминување улица, загрозувајќи ја безбедноста на пешаците и на велосипедистите кои се движат прописно.

4 велосипедисти возат паралелно со велосипедската патека и непрописно се вклучуваат на патеката без намалување на брзината, погледнување или сигнализирање.

Велосипедист преминува семафор на црвено и се расправа зошто „му го блокирам“ пристапот до спуштениот рабник додека јас чекам зелено светло.

Возач излегува од „паркинг место“ каде е непрописно паркиран, возејќи во риверц, излегувајќи на велосипедската патека и загрозувајќи ја безбедноста на велосипедистите.

Возач со вртење десно се приклучува од споредна во главна улица, без да намали брзина, сечејќи прешачки/велосипедски премин, прекинувајќи им го движењето на пешаците и велосипедистите кои имаат предност на минување.

Возач чека на семафор влезен целосно со предниот дел од возилото во делот за велосипедисти на преминот. На коментарот дека не смее толку напред да стои, враќа со пцуење и „Гледај си ја работата“.

6 мотоциклисти во различни наврати возат по велосипедската патека, во обратен правец, нема простор да се разминеме, не застануваат, не намалуваат брзина.

Девојка на тротинет вози по велосипедска патека и претекнува така што влегува и излегува од велосипедската патека на пешачката, бркајќи ги пешаците кон правецот на движење на велосипедстите кои се движат прописно.

Засега, велосипедист - 0, сообраќајна некултура - 21. Ваквите инциденти, кои се речиси секојдневни, барем мене не ме обесхрабруваат да одберам велосипед како примарно превозно средство во главниот град, но апелирам за поголема внимателност и соодветно казнување на загрозувањето на безбедноста во сообраќајот.

Кои се вашите „омилени“ опасности во сообраќајот како велосипедист?

реклама

Што треба да правите секој ден за да го стопите салото на стомакот?

Read more

Бектеши објави кои маркети се затворени оти не ги намалиле цените

Read more

Полски свештеници правеле оргија со жиголо, му се слошило, не му помогнале веднаш

Read more

Пијалаци што не треба да ги пиете ако имате висок крвен притисок

Read more

Теми и коментари

Велосипедист 0 – сообраќајна некултура 21

Read more

Зошто Џеноа не се вика Џенова?

Read more

Зошто феминизам, а не „еднаквизам“?

Read more

Работи кои би било фино да се променат во Аеродром

Read more
 

Ново

Мајли Сајрус повеќе не е русокоса: Пејачката изненади со промена по повеќе од 10 години

Читај повеќе
  • play_arrow

Реал вината за дерби поразот ја најде во судиите

Читај повеќе

Полжавчиња со афион и цимет - одлични се со шолја кафе, чај или млеко

Читај повеќе

Lego престана да произведува коцки од рециклирани пластични шишиња

Читај повеќе
  • play_arrow

Ашер ќе го води шоуто на полувремето на Супербоул 2024

Читај повеќе
  • play_arrow

Интервју по натпревар

Читај повеќе
  • play_arrow

Силна бура создаде застрашувачка глетка на небото во Оклахома - како да пукнала нуклеарна бомба

Читај повеќе
  • play_arrow

Робот на њујоршката полиција ќе патролира во метро станица

Читај повеќе

Леау: Саудиските пари? Борбата во Лигата на шампиони вреди повеќе!

Читај повеќе