Верстапен: Зад нас е неверојатна година, но секогаш сакаме да бидеме подобри

Ф1
Ф.З.
/ 27.11.2023 / 15:14

Ова беше неверојатна година, изјави старо-новиот светски шампион во Формула 1, Холанѓанецот Макс Верстапен (Ред Бул) по победата на последната трка од Светскиот шампионат во Формула 1 во Абу Даби.

На крајот победи Верстапен со 575 поени, втор е неговиот колега од Мексико - Серхио Перес со 285 поени, а трет е Британецот Луис Хамилтон во Мерцедес со 234 поени.

„Ова беше неверојатна година. Ќе биде тешко да се повтори нешто слично, но оваа година дефинитивно уживавме“, изјави одличниот Холанѓанец.

Трикратниот последователен светски шампион сезонава славеше рекордни 19 пати, а не беше најдобар на само три трки. Во Саудиска Арабија и Азербејџан победи неговиот колега Серхио Перес, додека во Сингапур победи Шпанецот Карлос Саинс во Ферари.

Со неделниот триумф во Абу Даби, Хамилтон стигна до 54. победа во кариерата, претекнувајќи го Германецот Себастијан Фетел на вечната листа на најдобри тркачи. Сега Верстапен е сам на третото место, а пред него се само Британецот Луис Хамилтон (103) и Германецот Михаел Шумахер (91).

„Горд сум на последната трка, морам да им се заблагодарам на сите во Ред Бул“, додаде тој.

Со тоа Холанѓанецот стана првиот во историјата кој ја завршил сезоната со повеќе од 500 поени. Но, само од 2010 година победата се доделува со 25 бодови, а бодовното конто возачите можеа да го зголемат на спринтерските трки, од кои годинава беа шест.

„Секогаш сакате да бидете уште подобри, но да се биде подобар не значи секогаш да победувате и да освојувате титули. Работиме напорно за да имаме конкурентен болид следната сезона. Сигурно другите тимови ќе се обидат да нѐ поразат, но ние сме подготвени за битка. Во меѓувреме ќе уживаме оваа година“, додаде Верстапен.

На крајот тој им се заблагодари на навивачите.

„Беше неверојатно, благодарение на навивачите. Се надевам дека уживавте“, изјави светскиот шампион.

Германецот Михаел Шумахер и Британецот Луис Хамилтон со по 7 титули и понатаму се водечки на листата на светски освојувачи. Аргентинецот Хуан Мануел Фанџо 5 пати беше светски шампион, а Французинот Ален Прост и Германецот Себастијан Фетел по 4 пати.

Верстапен е во друштво на шест возачи кои 3 пати биле светски шампиони, а преостанатите пет се Австралиецот Џек Брабам, Австриецот Ники Лауда, Британецот Џеки Стјуарт и Бразилците Нелсон Пике и Аиртон Сена.

реклама

Зошто не се препорачува консумирање домати и краставици во комбинација?

Read more

Метод на складирање што ги одржува морковите свежи до еден месец

Read more

Колку ќе ве чини реновирање на стан во Скопје?

Read more

Лето 2025: Топ 5 најевтини места за одмор за македонските туристи

Read more

Ф1

Луда Ф1 трка во Мајами, во Lego болиди

Read more

Верстапен прв ќе стартува во Мајами

Read more

Младиот Антонели испиша историја со сензационална победа во Мајами

Read more

Шумахер потпиша кацига: Дали ќе го видиме наскоро?

Read more
 

Спорт

Кин: Хојлунд игра како дете што излегло од академија, а за него платија 85 милиони евра

Читај повеќе

ФА куп финале: Сити по спас на сезоната, Кристал Палас по историја

Читај повеќе

Навивачите влегле на тренингот на Сампдорија, побарале играчите да ги соблечат дресовите

Читај повеќе

УЕФА жестоко ја казни Хрватска

Читај повеќе
  • play_arrow

Њујорк Никс демонстрираше сила и го елиминира бранителот Бостон

Читај повеќе
  • play_arrow

Буфон: Јас бев ВАР во финалето на Светското во 2006 година

Читај повеќе
  • play_arrow

Еден е Јокиќ!

Читај повеќе
  • play_arrow

Флик ги бркаше играчите на Барса од терен оти ја славеа титулата кај ривалите

Читај повеќе

Македонија ги дозна ривалите на ЕП

Читај повеќе