Верувале или не, HTC сè уште произведува телефони

Иако во прашање е првиот нов модел во последните 6 месеци, новиот HTC никого нема да возбуди.

Иако денес сѐ поретко го слушаме, името на компанијата HTC, која на пазарот го донесе првиот телефон напојуван од оперативниот систем Android, засекогаш ќе остане во историјата на паметните телефони. И покрај тоа што новите уреди на компанијата речиси и да ги нема на повеќето пазари, HTC сè уште не е мртов и штотуку го објави својот најнов паметен телефон - HTC Wildfire E3 Lite.

За жал, по спецификациите ќе ви стане јасно дека повеќе не е џинот на кој се сеќавате (ако воопшто го паметите), кој ни донесе модели како HTC One и HTC One M8, кои многумина, можеби со право, ги сметаат за едни од најдобрите телефони на нивните генерации. Wildfire E3 Lite е токму спротивното од тие уреди и јасно е насочен кон понискиот опсег на цени, а всушност е резултат на лиценцирање на името.

HTC Wildfire E3 Lite пристигнува со дизајн кој неодоливо потсетува на моделите Desire од средината на 2010-тите и носи 6,5-инчен LCD екран со HD+ резолуција, кој има прилично неинспиративен засек во облик на капка на врвот и прилично голема „брада“ на дното.

Иако на задната страна има остров со релативно модерен изглед, тој складира главна камера од 13 MP, како и макро модул од 2 MP, но овие сензори не ветуваат квалитетни фотографии што клиентите можат да ги очекуваат од нивните спецификации.

За жал, ниту од перформансите не треба да очекуваме ништо повеќе од основните функции, бидејќи новиот телефон на HTC пристигнува во конфигурации со 3 или 4 GB RAM и 32/64 GB внатрешна меморија, а се напојува со чипсет Unisoc SC9863, кој беше претставен пред речиси четири години, и кој според моќноста им конкурира на чиповите како Helio P22 и Snapdragon 450.

Сепак, иако се присутни некои модерни спецификации, како батерија со капацитет од 5.000 mAh и USB-C приклучок на дното, брзината на полнење навистина не може да се окарактеризира како брза, бидејќи овозможува батеријата да се полни со моќност од масивни 10 W.

Јасно е дека Wildfire E3 Lite не е уред кој ќе ја врати славата на HTC. За разлика од последниот HTC Desire 22 Pro телефон, кој барем имаше интересна идеја, овој модел не носи ништо иновативно. Сепак, со вистинската цена (сè уште не ја знаеме), може да се покаже како успешен на африканскиот пазар, на кој и цели. Останува да видиме.

Тагови
реклама

Ископана човечка коска во дворот на Клиничкиот центар во Скопје

Read more

Заборавете на броењето чекори: Како качувањето по скали влијае на вашето тело

Read more

Зошто оревите се чуваат во замрзнувач?

Read more

„Бомба“ од 4 состојки го топи салото на стомакот

Read more

Мобилни

Boring Phone е антисмартфон создаден во соработка помеѓу Heineken и Bodega

Read more

Samsung повторно е најголем производител на смартфони во светот

Read more

Apple ќе овозможи поправка на iPhone со користење на користени делови

Read more

HMD ги претстави Nokia мобилните 6310, 5310 и 230

Read more
 

Гик

Почна европска истрага против Facebook и Instagram

Читај повеќе

Ново истражување потврдува дека животните имаат свест

Читај повеќе

James Webb ја сними маглината Коњска глава каква што не сме ја виделе досега

Читај повеќе

Британците забранија слаби лозинки: Нема повеќе „admin“ и „12345“

Читај повеќе
  • filter

5 факти за магнетното поле што ќе ве изненадат

Читај повеќе
  • play_arrow

Трча со брзина од 6 км/ч: TianGong е хуманоиден робот кој се движи како никој досега

Читај повеќе

Нов вирус презема целосна контрола врз вашиот телефон

Читај повеќе

YouTube тестира нов формат на реклами

Читај повеќе

Женските бебиња имаат покомплексна мозочна активност од машките

Читај повеќе