Вештачката интелигенција докажа: Дел од познатата слика на Рафаело ја направил некој друг

Британски научници користеле вештачка интелигенција за да го анализираат платното „Madonna della rosa“ од почетокот на XVI век, за кое се верува дека е една од многуте Мадони насликани од италијанскиот ренесансен мајстор Рафаело Санти, и откриле дека лицето на една од четирите фигури е направено од друг сликар. На сликата Марија го држи бебето Исус, од левата страна се Јосиф и малиот Јован Крстител, а на масата е роза, од каде потекнува и насловот на сликата.

Платното изложено во шпанскиот музеј „Прадо“ во Мадрид е дискутирано и претходно, а некои експерти претпоставуваа дека ученикот на Рафаело, Џулио Романо, учествувал во неговото создавање. Други веруваа дека розата и долниот дел од сликата се направени од друг уметник.

Денес, професорот Хасан Угаил, директор на Центарот за визуелно пресметување и интелигентни системи на Универзитетот во Бредфорд, верува дека платното е навистина плод на раката на Рафаело, освен лицето на Јосиф.

„Користевме слики за кои беше потврдено дека се на Рафаело за да го обучиме компјутерот да го препознава стилот до најмалите детали, од удари со четка, палета на бои до сенки, сите аспекти на работата“, рече тој.

„Компјутерот гледа многу подлабоко од човечкото око, до микроскопско ниво“, објаснува Угаил.

„Кога ја тестиравме сликата 'Madonna della rosa' како целина, резултатите не беа задоволителни“, рече тој. „Затоа, тестиравме поединечни делови и така остатокот од сликата беше потврдено дека е на Рафаело, а лицето на Јосиф се покажа дека е единственото што веројатно не го направил“.

Алгоритмот за вештачка интелигенција е создаден од Угаил, кој тврди дека алгоритмот може да ја препознае автентичноста на работата на Рафаело со 98% точност.

Тагови
реклама

Вести

Уредите на Apple наскоро ќе може да се контролираат со очи

Read more

Австралија целосно ги гаси 3G мрежите

Read more

Јапонците ќе го градат првиот брод на пелети

Read more

Минатото лето беше најжешкото во последните 2.000 години

Read more
 

Гик

  • play_arrow

ChatGPT доби надградба на која само небото ѝ е граница

Читај повеќе

Canon потврди: Доаѓа моќниот EOS R1

Читај повеќе

Приватен простор и подобaр мултитаскинг: Пристигна Android 15 Beta 2, еве што сѐ носи

Читај повеќе

Никола Тодороски: „Наша гордост. Наша одговорност“ ми отвори нова перспектива колку може позитивно да се влијае

Читај повеќе

Микробите и нивното изненадувачко влијание врз нашето социјално однесување

Читај повеќе
  • play_arrow

Уредите на Apple наскоро ќе може да се контролираат со очи

Читај повеќе

Игрицата EA FC ја губи лиценцата за Интер во следното издание

Читај повеќе

Австралија целосно ги гаси 3G мрежите

Читај повеќе

Јапонците ќе го градат првиот брод на пелети

Читај повеќе