СЕРИЈА А 2023/2024

Ви реков да не се грижите - Мурињо среќен по победата над Фрозиноне

Уште еден неуспех на Рома сериозно ќе ја загрозеше иднината на Жозе Мурињо на клупата на „Волчицата“, но триумфот од 2:0 над Фрозиноне донекаде го маскира екстремно лошиот старт на сезоната.

Со головите на Ромелу Лукаку и Лоренцо Пелегрини, тимот од „Олимпико“ по седум кола го освои само осмиот бод и моментално се наоѓа на 12-тото место на табелата во Серија А.

„Минатата недела реков дека не треба да се грижите и дека овој тим на Рома ќе почне да победува. Успеавме да победиме многу квалитетен тим за кој имав високо мислење додека го подготвував натпреварот на нашиот стадион, а го имам и сега по нашата победа од 2:0. Тоа е одличен тим, што ја прави нашата победа уште позначајна“, изјави португалскиот стручњак по натпреварот, не штедејќи зборови да го пофали Фрозиноне кој беше во серија од 5 натпревари без пораз, а единствениот пред синоќешниот го претрпе во воведното коло кога со 3:1 загуби од актуелниот шампион Наполи.

Мурињо посебно истакна дека му е драго што и покрај лошите игри и резултати, навивачите никогаш не се свртеа против тимот.

„Тоа е посебна сила на Рома. Навивачите се со нас, нѐ поддржуваат и нѐ критикуваат, а имаа причина за тоа по лошиот старт. За среќа, успеавме да победиме и сега сите заедно сме добро расположени. Исто така, важно е што Лукаку ја затресе мрежата и што докажува колку ни е важен. Знаете, тој даваше голови во Интер и Манчестер Јунајтед, па бидете сигурни дека истото ќе го прави и овде“, рече Мурињо и заврши порачувајќи:

„На добар пат сме и сѐ ќе биде добро“.

Remote video URL
реклама

5 хороскопски знаци ќе бидат на чекор до раскинување во мај

Read more

3 здрави јаглехидрати за контрола на шеќерот во крвта

Read more

Кои се најпродавани автомобили во Европа годинава?

Read more

Гостите секогаш ги забележуваат: 6 ситници кои би можеле да ве посрамотат

Read more

Фудбал

7 фудбалери кои си ја фрлија кариерата во вода

Read more

Меси повторно растура!

Read more

Антонио Конте се враќа: Ќе преземе тим што пропаѓа

Read more

Турското „чудо од дете“ го донесе Реал на дофат до титула

Read more
 

Спорт

  • play_arrow

7 фудбалери кои си ја фрлија кариерата во вода

Читај повеќе
  • play_arrow

Јовиќ им пркоси на законите на гравитацијата

Читај повеќе
  • play_arrow

Леброн ги спаси Лејкерс и го „поништи“ трипл-даблот на Јокиќ

Читај повеќе
  • play_arrow

Меси повторно растура!

Читај повеќе

Антонио Конте се враќа: Ќе преземе тим што пропаѓа

Читај повеќе
  • play_arrow

Турското „чудо од дете“ го донесе Реал на дофат до титула

Читај повеќе

Sport Italia: Се подготвуваат револуционерни промени во Наполи

Читај повеќе

Барди малку претера: Во еден период бев подобар од Лео Меси

Читај повеќе

Кин и Невил: Бевме пијаници, а потоа дојдоа нутриционистите

Читај повеќе