ВМРО-ДПМНЕ: Нема да дозволиме СДС и ДУИ заедно со изведувачот Јакимовски да градат згради од 35 ката кај Алумина

Градоначалникот на Карпош, Стевчо Јакимовски, сега се јавува како изведувач во корист на коалицијата СДС и ДУИ. Тие заедно си бираат кој ќе продолжи со бетонизација на Карпош, овој пат станува збор за бизнис кој би чинел 600 милиони евра, се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.

„Тоа е случајот со изградба на висококатници до 35 ката. Ова е планирано да се прави во кругот на поранешната фабрика 'Алумина'. А, токму компанијата 'Пуцко Петрол' на Асмир Јахоски, син на пратеникот од ДУИ, Исмаил Јахоски, е компанијата која сака да ги гради висококатниците.

Станува збор за изградба на 353.491 метри квадратни станбен и деловен простор на локацијата кај поранешна 'Алумина'.

Со ова, тие се дел од активност која ќе го отежне живеењето на граѓаните во овој дел на Скопје.

Има многу прашања кои треба да се одговорат, а главно е зошто СДС и ДУИ сакаат да го реализираат овој проект?

Во целата оваа ситуација како изведувач се јавува Стевчо Јакимовски, кој очигледно исто ќе има корист.

Вакви сомнителни фаворизирања на одредени фирми, лица, ВМРО-ДПМНЕ нема да дозволи и истите ќе ги спречи, бидејќи факт е дека голем дел од тие 600 милиони евра ќе завршат во приватни џебови на лица од власта“, се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.

реклама

3 симптоми на недостаток на витамин Б12 што се забележуваат при јадење

Read more

Кардиолозите открија кој протеин е најдобар за здравјето на срцето

Read more

Сувата уста може да биде предупредувачки знак за сериозни здравствени состојби

Read more

Франција изгуби контрола над делови од Нова Каледонија: Истрели и експлозии одекнуваат низ островот

Read more

Македонија

Делови од Аеродром, Карпош и Ѓорче Петров утре без струја

Read more

ДИК ги соопшти местата на кои ќе се прегласува на 22 мај

Read more

Кадровски промени на Водно: Правникот Божинов и новинарот Момировски ќе раководат со претседателскиот кабинет

Read more

За неколку дена претседателката Силјановска ќе ја има првата посета во странство

Read more
 

Вести

Делови од Аеродром, Карпош и Ѓорче Петров утре без струја

Читај повеќе

ДИК ги соопшти местата на кои ќе се прегласува на 22 мај

Читај повеќе

Кадровски промени на Водно: Правникот Божинов и новинарот Момировски ќе раководат со претседателскиот кабинет

Читај повеќе

Судир на 4 возила пред Клинички центар, неколку лица се повредени

Читај повеќе

Потона брод во Црното Море, се трага по исчезнатите членови на екипажот

Читај повеќе

За неколку дена претседателката Силјановска ќе ја има првата посета во странство

Читај повеќе

Денес дожд и грмежи, можно е краткотрајно невреме со силен ветер и град

Читај повеќе

Фирма од Чаир монтира небезбедно панорамско тркало во Карпош, обвини Град Скопје

Читај повеќе

Премиера на претставата Парови во Драмскиот театар – Скопје

Читај повеќе