ФИБА КВАЛИФИКАЦИИ ЗА ЕВРОБАСКЕТ 2022

Во добар натпревар кошаркарите загубија од Италија

Македонската кошаркарска репрезентација со пораз од Италија го почна последниот дел од квалификациите за пласман на ЕвроБаскетот 2022.

Бојан Крстевски на денешниот натпревар

Италијанците ја добија првата четвртина со 25:23, но во втората Македонија направи пресврт добивајќи ја со +4 за на полувреме да се замине со наше водство од 43:41. Во оваа четвртина го имавме и најголемото водство од +8.

Во третата четвртина се играше прилично израмнето, Италија ја доби со еден разлика за во последната да влеземе со минимално водство од 64:63.

Иако четвртата четвртина ја почнавме со тројка, Италијанците направија серија од 9:0 пред сѐ благодарение на расположениот Томазо Балдасо. Тогаш „Аѕурите“ дојдоа и до најголемото водство од +8 со тројките на Ричи и Теситори. Едноставно македонската одбрана во последните 10 минути потвфрли и тука е причината за денешниот пораз од 84:92.

Нашите кошаркари сепак одиграа одличен натпревар во Перм и штета што на крајот не беа наградени со и тоа како потребната победа.

Најефикасен на паркетот беше Ненад Димитријевиќ со 24 поени, а беше и најдобар асистент со 12 асистенции. Кај Италијанците најмногу поени постигна Амедео Теситори, 18. По 3 тројки реализираа Бојан Трајковски, Џампаоло Ричи и Марко Спису.

Наредниот натпревар на Македонија е веќе утре против домаќинот и фаворит Русија од 15:30 часот.

Табела:

  1. Италија 8 (4-0)
  2. Русија 6 (2-2)
  3. Естонија 4 (1-2)
  4. Македонија 3 (0-3)
реклама

Ископана човечка коска во дворот на Клиничкиот центар во Скопје

Read more

Заборавете на броењето чекори: Како качувањето по скали влијае на вашето тело

Read more

Зошто оревите се чуваат во замрзнувач?

Read more

„Бомба“ од 4 состојки го топи салото на стомакот

Read more

Кошарка

76ерс со чудесен пресврт избегнаа испаѓање, надежта ја продолжи и Милвоки

Read more

Леброн одговори на прашањето дали ќе остане во Лејкерс

Read more

Јокиќ ги испрати Леброн и Лејкерс на годишен одмор

Read more

Клиперс израмни на 2-2 среде Далас, пиров трипл-дабл за Дончиќ

Read more
 

Спорт

  • play_arrow

Мадрид ќе добие нов шампион – Рубљов го победи Алкарас

Читај повеќе

Финалето во Лига Европа во 2028 во Белград – Србија со Албанија сака да биде домаќин на У21 ЕУРО

Читај повеќе

Штербик имал срцев удар

Читај повеќе

Модриќ го урна рекордот на Пушкаш стар 60 години

Читај повеќе
  • play_arrow

76ерс со чудесен пресврт избегнаа испаѓање, надежта ја продолжи и Милвоки

Читај повеќе

Премиер лигата на клубовите ќе им го ограничи трошењето

Читај повеќе

Официјални состави: Баерн - Реал Мадрид

Читај повеќе

И Добри Дол ќе има прволигаш: Беса 1976 обезбеди промоција

Читај повеќе

Ерлинг Холанд станува лик во култна видео игра

Читај повеќе