Во Германија натпросечна побарувачка за греалки поради страв од недостиг на гас

Германците, плашејќи се од недостиг на гас во есен и зима, купуваат повеќе електрични греалки, иако здруженијата за заштита на потрошувачите предупредуваат на неекономичноста од овој тип на греење.

„Гледаме натпросечна побарувачка за греалки“, велат од синџирот продавници за електрични производи Медиа Маркт/Сатурн.

Синџирот продавници за градежен материјал Хорнбах забележа 100 отсто поголема побарувачка отколку во истиот период лани.

„Побарувачката нагло се зголеми во последните три недели“, вели Флоријан Преус од Хорнбах.

Покрај огромниот пораст на побарувачката за електрични греалки, се зголеми и побарувачката за други алтернативи на гас како што се печките на дрва и јаглен.

Како што јави агенцијата ДПА, германските граѓани сè повеќе стравуваат дека Русија би можела целосно да ја прекине испораката на гас за Германија.

Експертите проценуваат дека наесен, кога граѓаните ќе се вратат од летните одмори, би можело да дојде до уште поголема побарувачка за електричните греалки. Истовремено,здруженијата за заштита на потрошувачите предупредуваат на високите цени на греењето со вакви уреди и посочуваат дека греењето на струја е погодно само во случај на краткотраен дефект или немање парно. 

Тагови
реклама

3 симптоми на недостаток на витамин Б12 што се забележуваат при јадење

Read more

Кардиолозите открија кој протеин е најдобар за здравјето на срцето

Read more

Сувата уста може да биде предупредувачки знак за сериозни здравствени состојби

Read more

Како настанува нафтата? 5 факти што секој треба да ги знае

Read more

Свет

Зеленски: Русија нема сила повторно да го нападне Киев

Read more

Франција изгуби контрола над делови од Нова Каледонија: Истрели и експлозии одекнуваат низ островот

Read more

Ирански командант: Три европски земји ќе одговараат за помошта кон Израел

Read more

Откриен офанзивниот план на Путин: Каде се мести тампон зона?

Read more
 

Вести

Фирма од Чаир монтира небезбедно панорамско тркало во Карпош, обвини Град Скопје

Читај повеќе

Премиера на претставата Парови во Драмскиот театар – Скопје

Читај повеќе

Зеленски: Русија нема сила повторно да го нападне Киев

Читај повеќе

Вработена во МВР фатена со мито од 12.500 евра

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

Франција изгуби контрола над делови од Нова Каледонија: Истрели и експлозии одекнуваат низ островот

Читај повеќе

Судир на два воза во Србија: Има повредени, нема загинати

Читај повеќе

Зa 20 години Хрватска ќе биде празна, младите си заминуваат: Мрачни прогнози на германските медиуми

Читај повеќе

Ирански командант: Три европски земји ќе одговараат за помошта кон Израел

Читај повеќе

Денес малку сонце, па облачно, попладне нестабилно со пороен дожд и грмежи

Читај повеќе