Иранските власти егзекутираа две лица осудени на смрт поради богохулење, објави денеска иранскиот портал میزان.
Во извештајот на порталот се наведува дека Јусеф Мехрдад и Садрула Фазели Заре биле егзекутирани за злосторства вклучувајќи богохулење, навреда на исламот, пророкот Мухамед и други свети места, без да се прецизира кога се случило нивното погубување, пренесува Reuters.
Според میزان (Мизан), тие двајца уредувале десетици онлајн антирелигиозни платформи посветени на омразата кон исламот, промовирањето на атеизмот и сквернавењето на светите места.
Експерти на ОН ги повикаа властите во Иран со мнозинство шиити да престанат со прогонот и малтретирањето на верските малцинства.