Авион Boeing-737 со 133 патници се урна во планините во јужниот кинески регион Гуангси, а од местото на падот се гледа оган, пренесе кинеската државна агенција CCTV.
Спасувачките екипи се на пат до местото на несреќата, а засега нема информации за жртвите.
Според објави на социјалните мрежи, претходно во текот на денот исчезнал летот на China Eastern Airlines MU5735 од Кунминг за Гуангжу.
Според неофицијални информации објавени во медиумите, авионот паднал откако се случило техничка неисправност. Сепак,засега нема официјални информации за причините на несреќата.