Војничка диета со која се губат 4 килограми за 3 дена

А.С.
/ 30.06.2024 / 12:48

Војничката диета е популарна меѓу луѓето кои сакаат да изгубат повеќе килограми за краток временски период.

Станува збор за диета базирана на мали оброци кои се дизајнирани да согоруваат вишок маснотии, да ја забрзаат работата на метаболизмот и да ви помогнат да изгубите до четири килограми за само три дена.

Името го добила затоа што е строг и дисциплиниран начин на исхрана, а содржи и храна која понекогаш може да се најде во борбените пакети со храна за војската, како крекери или конзервирана туна. Но, ниту една војска официјално не го поддржува овој начин на исхрана, а не се знае ни кој е неговиот автор.

Слабеењето е можно бидејќи секој ден се трошат и до 1000 калории, што е значително пониско од просекот што жената треба да го внесува дури и ако е на диета.

Ниту еден нутриционист не поддржува самоиницијативни, брзи и рестриктивни диети кои се засноваат на екстремно низок калориски внес со цел да се постигне енергетски дефицит, без стручни насоки и увид во здравствената состојба на една личност.

Овој начин на исхрана не се препорачува за лица со лоша здравствена состојба бидејќи може да доведе до општа слабост, главоболка, пад на крвниот притисок, хипогликемија, реакцијата зависи од поединецот. Дефинитивно не би го препорачале на жени кои имаат проблеми со тироидната жлезда.

Диетата се спроведува само три дена во неделата. После тоа, треба да направите четиридневна пауза во која се препорачува да внесувате приближно 1.500 калории дневно, за да можете да ја повторите воената диета доколку сакате да изгубите повеќе килограми.

Ваквиот начин на исхрана не се препорачува подолг временски период, а дизајниран е да ви помогне да ослабете во „итни“ случаи - кога треба намалите неколку килограми за кратко време.

Прв ден

Појадок

½ грејпфрут

1 парче интегрален леб

2 лажици путер од кикирики

1 шолја кафе или чај

 

Ручек

115 грама туна

1 парче интегрален леб

1 шолја кафе или чај

 

Вечера

85 грама варено месо по желба

150 грама варена боранија

½ банана

1 мало јаболко

1 топка сладолед од ванила

 

Втор ден

Појадок

1 јајце

1 парче интегрален леб

½ банана

 

Ручек

200 грама свежо сирење

1 тврдо варено јајце

5 мали крекери

 

Вечера:

2 виршли

175 грама варена брокула

25 грама моркови

½ банана

 

Трет ден

Појадок

5 крекери

1 парче тврдо сирење (на пр. гауда)

1 мало јаболко

 

Ручек

1 тврдо варено јајце

1 парче интегрален леб

 

Вечера

230 грама туна

½ банана

1 топка сладолед од ванила

 

Секој ден треба да пиете најмалку два литра обична вода, а кафето и чајот се дозволени само доколку се консумираат без шеќер, млеко или алтернативни засладувачи. Забрането е пиење алкохол за време на воената диета. Се препорачува пешачење најмалку 30 минути дневно.

Војничката диета е вид на брза диета која го шокира организмот. Со неа е можно за кратко време да се симнат килограми, но најверојатно ќе се вратат четвртиот, петтиот или осмиот ден. Доколку сакате трајно да ослабете, треба да почнете да усвојувате нови здрави навики, а најдобро би било да се консултирате со експерт за храна.

Тагови
реклама

Како содата бикарбона може да се користи за здравствени цели?

Read more

Најчестите грешки што ги правите со меленото месо

Read more

Зошто Кејт Мидлтон не ја изгуби косата по хемотерапијата?

Read more

Посни плескавици од тиквички и модар патлиџан

Read more

Фит

Како се прави „газе за медаља“?

Read more

Четири појадоци со кои ќе внесете повеќе протеини

Read more

Тајна состојка помага да го удвоите внесот на протеини и побрзо да изгубите килограми

Read more

7 работи што никој не ви ги кажува за салото во долниот дел на стомакот

Read more
 

Магазин

  • play_arrow

Како се прави „газе за медаља“?

Читај повеќе
  • filter

15 грчки острови кои се убави како Крф, но со многу помалку гужва

Читај повеќе

Дали е подобро за спортистите да се воздржат од секс пред натпревар?

Читај повеќе

7 знаци дека форсирате врска од која нема да бидне ништо

Читај повеќе

Лесен рецепт за домашен сладолед од малини

Читај повеќе

7 клучни симптоми кои откриваат дека ви недостига калиум

Читај повеќе

Четири појадоци со кои ќе внесете повеќе протеини

Читај повеќе
  • play_arrow

Турист објави видео од Северна Кореја: Сцени од изолираната земја кои ретко може да се видат

Читај повеќе

Како правилно се чува кондом: Оштетувањето невидливо со голо око може да доведе до бременост

Читај повеќе