Вчера околу 16:00 часот било пријавено дека на крстосница од ул.„Николај Островски“ и ул.„Моцартова“ во Скопје, патничко возило удрило во велосипедист Р.З.(36) од Скопје, а потоа возачот со возилото го напуштил местото на незгодата.
Велосипедистот бил пренесен во Клиничка болница „Аџибадем Систина“, каде му биле констатирани тешки телесни повреди.
Увид на местото на незгодата извршила екипа од СВР Скопје и се работи на расчистување на случајот.