Времеплов: 30 години од историјата во Крањ и 19 од бламажата во Андора

Филип Здравески
/ 13.10.2023 / 15:58

Денешниот ден, 13 октомври, во македонскиот фудбал е одбележан со два крајно спротивставени настани: првиот, историски и со златни букви испишан натпревар и победа, а другиот јубилеен натпревар број 100, но и голем срам засекогаш запишан со црно мастило.

Чоко, Панчев... историја во Крањ

Пред точно 30 години македонската фудбалска репрезентација за прв пат истрча со црвено-жолтите дресови и го одигра првиот официјален натпревар. Гостуваше кај Словенија во градот Крањ на приајтелска, и успеа да победи со 4:1, резултат кој засекогаш ќе остане испишан со златни букви во македонската фудбалска историја. Тогаш датумот 13-ти не беше баксузен, а не беше ни петок, беше среда.

Бошковски го постигнува историскиот прв гол; Фото: ФФМ

Иако тогашниот Фудбалски сојуз на Македонија сѐ уште не беше примен ниту во ФИФА ниту во УЕФА, светската куќа на фудбалот даде зелено светло македонската репрезентација да игра меѓународни пријателски натпревари. ФСМ закажа двомеч со Словенија со тоа што првиот натпревар беше договорено да се игра на гости на 13 октомври, а реваншот на 23 март наредната година во Скопје. Имало и понуда од Бугарија за наше гостување во Софија во септември, меѓутоа терминот не им одговарал на оние фудбалери кои настапувале во странски клубови, па понудата била одбиена. Претходно имало разговори и за пријателска со Русија, но преговорите не вродиле плод.

Словенечката репрезентација во натпреварот влегла далеку поспремна бидејќи веќе имала одиграно натпревари, за разлика од македонските фудбалери кои освен неколку неофицијални натпревари против клубови и селекцијата на новинарите, за нив ова беше прв вистински предизвик.

Селекторот Андон Дончевски тогаш на располагање ги имал речиси најдобрите. На голот бил Зоран Мицевски; во одбраната Кире Грозданов, Бобан Бабунски, Зоран Јованоски и Илија Најдоски, во средината Драги Канатларовски, Љупчо Марковски, Чедомир Јаневски и Тони Мицевски, а во нападот Зоран Бошковски и Дарко Панчев, кој беше и капитен. На клупата биле Сашо Милошевски, Горан Георгиевски, Неџмедин Мемеди, Ванчо Мицевски и голманот Лазо Липоски кој бил единствен кој не добил минутажа и нможност да дебитира.

Репрезентацијата на Македонија во Крањ; Фото: ФФМ

На првиот македонски гол не се чекало многу. Третата минута била во тек кога Панчев се пробил по левата страна и прецизно му сервирал на Бошковски во шестнаесетникот, а пак голгетерот популарно наречен Чоко ја затресол словенечката мрежа испишувајќи историја. Потоа Македонија постигнала уште три голови и тоа преку Панчев и Јаневски од белата точка, како и Канатларовски, додека за Словенија единствениот гол бил дело на Јанез Пате.

Remote video URL
Срам над срамовите високо на Пиринеите

За натпреварот во Крањ да има една крајна противречност постои случката од истиот денешен датум, исто така една среда, но многу години подоцна и една сосема друга генерација на фудбалери. Во 2004 година македонската фудбалска репрезентација го допре дното забележувајќи го најпонижувачкиот пораз во историјата - кога загуби од слабата Андора.

Само три дена претходно репорезентацијата имаше одлично издание во Скопје против Холандија, кога против светската велесила одигра 2:2. Но, потоа следуваше шок и неверување за фудбалската јавност. Македонија гостуваше кај малата пиринејска државичка чија репрезентација не знаеше за победа во официјален натпревар. Тоа беше 4. коло од Групата 1 во рамките на квалификациите за Мундијалот кој во 2006 година се одржа во Германија.

Македонските фудбалери никако не можеа да го скршат отпорот на мотивираните аматерски домашни играчи, а шокот стигна точно по еден час игра. Марк Бернаус ја затресе мрежата на голманот Јане Николоски за огромна радост на Андорците.

Бернаус опкружен од соиграчи го прославува погодокот

До крајот остануваа половина час, сосема доволно не само да се израмни, туку и да се направи комплетен пресврт против репрезентација од рангот на Андора. Но, резултатот остана непроменет, а македонските фудбалери со неверување на лицата заминаа во соблекувалната.

Тоа беше тежок удар, црн ден во македонската фудбалска историја, односно најцрн кој се надеваме нема да биде надминат. За бламажата да биде поголема говори и фактот што овој натпревар требаше да биде големо славје бидејќи беше тој стоти официјален за Македонија. Наместо голема победа, стотката и натаму ја паметиме по срамот кој се случи на „Ајшоваљ“ стадионот во Андора Ла Веља.

Тоа пиринејско пладне вечно ќе ги прогонува сите кои настапија за Македонија, а тоа беа: Јане Николоски; Горан Ставревски, Игор Митрески, Милан Стојановски, Александар Митрески (78' Васко Бижиновски), Игор Јанчевски, Ванчо Трајанов (46' Александар Бајевски), Влатко Грозданоски, Артим Шаќири, Ацо Стојков и Горан Пандев. На клупата беа уште и Горан Попов, Панче Ќумбев и голманот Гого Јовчев, додека селектор беше Драги Канатларовски, еден од јунаците од Крањ.

Remote video URL

Резултатот како гром одекна во фудбалскиот свет, дури имаше и обвинувања за местење бидејќи во кладилници на Далечниот Исток наводно имало големи уплати. ФИФА отвори истрага која не даде резултат. Колку и да сакавме да се тешиме дека можеби сме им пуштиле на Андорците поради кладилница, болната вистина е дека нѐ победија фер, дека самите сме виновни за големиот срам кој пукна таму некаде на Пиринеите.

реклама

Како настанува нафтата? 5 факти што секој треба да ги знае

Read more

Кој потешко ја поднесува самотијата, мажите или жените?

Read more

Утре истекува рокот за аплицирање за снабдување со струја по повластена цена

Read more

180.000 загинати и ранети Руси и 100.000 Украинци, проценува норвешки командант

Read more

Фудбал

Доживотно суспендиран судија: Се качил на бина и славел со тимот на кој му помогнал да победи

Read more

Модриќ и наредната сезона ќе игра за Реал

Read more

Лаутаро Мартинес и Интер работат на продолжување на договорот

Read more

Алегри го напушти Јувентус?

Read more
 

Спорт

  • play_arrow

Доживотно суспендиран судија: Се качил на бина и славел со тимот на кој му помогнал да победи

Читај повеќе

Бекеле по 12 години повторно на Олимписките игри

Читај повеќе

Модриќ и наредната сезона ќе игра за Реал

Читај повеќе
  • play_arrow

Индијана избори мајсторка со Њујорк, катастрофална шутерска вечер на Брансон

Читај повеќе

Лаутаро Мартинес и Интер работат на продолжување на договорот

Читај повеќе

Алегри го напушти Јувентус?

Читај повеќе

Светскиот шампион обвинет за силување ќе оди на психијатриска евалуација

Читај повеќе

Ливерпул објави дека се разделува со двајца фудбалери

Читај повеќе

Французите изненадија со списокот за ЕУРО 2024: Каде се асовите?

Читај повеќе