Вселенскиот телескоп James Webb ја откри својата прва егзопланета

Откако понуди спектакуларни резултати во првите шест месеци од работењето, вселенскиот телескоп James Webb ја откри својата прва егзопланета.

Телескопот „ѕирна“ 41 светлосна година во космосот и потврди планета во соѕвездието Octans со пречник што е 90% од оној на Земјата. Планетата беше потврдена и именувана LHS 475 b.

Тим од астрономи од Универзитетот Џонс Хопкинс, предводени од Кевин Стивенсон и Џејкоб Лустиг-Јагер, забележале докази за кандидат за егзопланета додека „копале“ податоци собрани од сателитот TESS на НАСА. Сепак, инструментот Near-Infrared Spectrograph на James Webb го потврди постоењето на планетата со набљудување на два транзита пред нејзината ѕвезда.

„Нема сомнеж дека се работи за планета. Беспрекорните податоци на James Webb го потврдија тоа“, вели Лустиг-Јагер во соопштението на НАСА.

URL

Според вселенската агенција, меѓу телескопите кои работат денес, вклучувајќи ги и копнените и орбиталните, само James Webb има способност прецизно да ги карактеризира атмосферите на егзопланетите слични на Земјата. Истражувачкиот тим сè уште работи на утврдување каква атмосфера има карпестата планета и дали воопшто има таква.

Постои шанса планетата да нема сопствена гасовита изолација, но сепак би можела да „сокрие“ мала атмосфера во близина на нејзината површина. Атмосферата составена од 100 проценти јаглерод диоксид е толку компактна што е многу тешко да се открие, тврди Лустиг-Јагер. Сепак, научниците се убедени дека планетата има опресивна атмосфера слична на онаа на месечината Титан на Сатурн.

„Постојат некои атмосфери од земски тип што можеме да ги исклучиме. Оваа планета не може да има густа атмосфера во која доминира метан“, додаде тој.

Сепак, температурата на површината на планетата се чини дека е околу 300 степени, многу повисока отколку на Земјата.

LHS 475 b ја комплетира орбитата околу својата ѕвезда за само два дена.

реклама

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Една од најуспешните порно ѕвезди незадоволна од заработката: Не е во ред

Read more

Што ако мастурбирaњето ви буди чувство на непријатност?

Read more

Грција воведува шестдневна работна недела

Read more

Вести

Првата персонализирана mRNA вакцина против рак на кожа се тестира во Британија

Read more

Најголемиот 3D принтер во светот може да изгради куќа за 80 часа

Read more

Решена мистеријата за гробот на Платон откако бионичко око ѕирна во свиток стар 2.000 години

Read more

Win-win-win за рециклирањето во Холандија

Read more
 

Гик

Женските бебиња имаат покомплексна мозочна активност од машките

Читај повеќе

Првата персонализирана mRNA вакцина против рак на кожа се тестира во Британија

Читај повеќе
  • play_arrow

Најголемиот 3D принтер во светот може да изгради куќа за 80 часа

Читај повеќе

PUBG буди носталгија и се враќа на оригиналната мапа од нејзиниот почеток

Читај повеќе

Решена мистеријата за гробот на Платон откако бионичко око ѕирна во свиток стар 2.000 години

Читај повеќе
  • play_arrow

По 14 години потсмев, Apple конечно реши да ја направи апликацијата која сите ја бараа

Читај повеќе

Win-win-win за рециклирањето во Холандија

Читај повеќе

Бајден потпиша: Крај на TikTok во САД!?

Читај повеќе

Илон Маск му се намерачи на YouTube

Читај повеќе