Заклучоци од Самитот на ЕУ посветен на Белорусија

МИА/КАЈГАНА
/ 19.08.2020 / 17:45

Брисел, 19 август 2020 (МИА) – Во заклучоците објавени по видеосамитот на Европската Унија за кризата во Белорусија се наведува дека ЕУ не ги признава претседателските избори, дека Унијата е со народот на Белорусија и ги повикува белоруските власти да изнајдат начин за излез од кризата без насилство и со сеопфатен национален дијалог.

Во текстот од осум точки се наведува дека Европски совет со се поголема загриженост внимателно го следи развојот на настаните во Белорусија.

– Изборите од 9 август не беа ниту слободни ниту фер и поради тоа не ги признаваме резултатите, се наведува во декларацијата по ЕУ Самитот.

Исто така се наведува дека народот на Белорусија има право да одлучува за својата судбина, а Европскиот совет изразува јасна солидарност со Белорусите и нивната желба за основни демократски права.

ЕУ го осудува и „несразмерното и неприфатливо насилство“ врз учесниците во протестите и бара ослободување на сите приведени демонстранти. Унијата очекува и целосна и транспарентна истрага за пријавеното кршење на основните права.

Во документот се истакнува и дека ЕУ набрзо ќе воведе санкции „против значителен број поединци одговорни за насилството, репресијата и лажирањето на изборните резултати.

ЕУ во заклучоците укажува дека властите во Белорусија го загрозуваат реализираниот напредок во изминатите години во билатералните односи помеѓу Брисел и Минск и оти понатамошното вложување на ситуацијата ќе има негативни последици по односите на двете страни.

– Ги повикуваме белоруските власти да изнајдат начин за излез од кризата и да стават крај на насилството, на деескализација и на инклузивен национален дијалог. Само мирен и демократски процес поддржан од независни и слободни медиуми и силно цивилно општетство може да даде одржливи решенија. Сите страни, вклучително и трети држави треба да поддржат таков процес, се посочува во заклучоците.

ЕУ најави и дека ќе продолжи да ја следи ситуацијата и оти е подготвена да придонесе за мирно завршување на кризата и оти го поддржува и предлогот на ОБСЕ за дијалог во Белорусија.

Remote video URL
Тагови
реклама

Производи што не треба да се користат по истекот на рокот

Read more

Зошто никогаш не треба да заспиете пред да полета авионот?

Read more

Поразениот Фјури со тешка повреда во болница го испратил победникот Усик

Read more

Култното казино Mirage во Лас Вегас оди во историја

Read more

Свет

По обидот за атентат словачкиот премиер Фицо е надвор од животна опасност

Read more

Потона брод во Црното Море, се трага по исчезнатите членови на екипажот

Read more

Зеленски: Русија нема сила повторно да го нападне Киев

Read more

Франција изгуби контрола над делови од Нова Каледонија: Истрели и експлозии одекнуваат низ островот

Read more
 

Вести

По обидот за атентат словачкиот премиер Фицо е надвор од животна опасност

Читај повеќе

До среда нестабилно време со дожд и грмежи

Читај повеќе

Во сообраќајката на Водњанска во Скопје со повреди завршија 7 лица

Читај повеќе

Под сомнение за планирање терористички напад во Австрија уапсено е малолетно девојче од Црна Гора

Читај повеќе

Делови од Аеродром, Карпош и Ѓорче Петров утре без струја

Читај повеќе

ДИК ги соопшти местата на кои ќе се прегласува на 22 мај

Читај повеќе

Кадровски промени на Водно: Правникот Божинов и новинарот Момировски ќе раководат со претседателскиот кабинет

Читај повеќе

Судир на 4 возила пред Клинички центар, неколку лица се повредени

Читај повеќе

Потона брод во Црното Море, се трага по исчезнатите членови на екипажот

Читај повеќе