Запленети 48 килограми хашиш и марихуана во Прилепско, приведени тројца дилери

Околу 48 килограми дрога од кои 15 килограми хашиш и 33 килограми марихуана се запленети, а три лица се приведени синоќа во полициска акција во прилепското село Дебреште.

Портпаролот н МВР Тони Ангеловски изјави дека во акцијата учествувале полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција - Сектор за недозволена трговија со дрога, оружје и опасни материи, ОВР Прилеп и Одделот за специјални полициски операции во координација со прилепското Јавно обвинителство.

– На патниот правец од Прилеп кон село Дебреште, на место во близина на градските гробишта лишен од слобода е В.И. (55) од село Дебреште, кај кого се пронајдени четири вреќи со околу 48 килограми дрога (хашиш и марихуана) кои ги подготвувал за транспорт. По преземени дополнителни мерки и активности, околу 20.30 часот во Прилеп е лишен од слобода Н.Д. (46) од село Дебрешта, за кој е утврдено дека бил организатор на транспортот. Потоа од слобода е лишен и Е.И. од село Дебрешта, соопшти Ангеловски.

По наредба од Основен суд Прилеп, извршени се претреси на три локации во село Дебреште и одземени се две патнички возила, мерцедес и голф, во врска со овој случај. Приведените денеска ќе бидат изведени пред судија на претходна постапка во Основен суд Прилеп.

– Министерството за внатрешни работи продолжува со интензивни мерки и активности за сузбивање на нелегалната трговија со дрога, како и друг вид на криминал, рече Ангеловски.

Тагови
реклама

Венера во Рак им носи среќа во љубовта на четири хороскопски знаци од 19 мај

Read more

Рецепт за брза вечера: Ризото со печурки

Read more

Цариниците спречија обид за шверц на златна плочка вредна 4,5 милиони денари скриена во чевел

Read more

Како играчите на Арсенал ја прославија титулата во Премиер лига

Read more

Хроника

Уапсен 16-годишник: Крадел во џамии во Тетово

Read more

Косовец летал со 203 километри на час кај Смоквица

Read more

Цариниците спречија обид за шверц на златна плочка вредна 4,5 милиони денари скриена во чевел

Read more

16-годишник со тврд предмет нападнал негов врсник во Аеродром

Read more
 

Вести

  • play_arrow

Илјадници луѓе бегаат од пожарот во Калифорнија, огнот брзо се шири

Читај повеќе

Уапсен 16-годишник: Крадел во џамии во Тетово

Читај повеќе

ВМРО-ДПМНЕ: Наместо осуда, Венко Филипче молчи и соработува со негаторите на Македонија

Читај повеќе

СДСМ: Врв на лицемерие и лажење: Во Владата на Мицкоски со бугарски пасоши може, а малцинства во Уставот не може!

Читај повеќе
  • play_arrow

Украина по втор пат за една недела нападна руска рафинерија и хемиска фабрика

Читај повеќе
  • play_arrow

Трамп: Си никогаш не ми кажа дека Путин можеби ќе зажали за инвазијата во Украина

Читај повеќе

Најмалку 19 загинати во израелски напади во Либан

Читај повеќе

Ќе нема струја во делови од Центар, Кисела Вода и Карпош

Читај повеќе

Неколку населби во Ѓорче Петров денеска ќе бидат без вода

Читај повеќе