Завршува ракометниот спектакл: Дали Французите можат да ја победат фуријата Данска?

Ракометните репрезентации на Франција и Данска денеска ќе ги одмерат силите во големото финале на Европското ракометно првенство во Келн.

Домаќин на финалниот дуел како и на натпреварот за третото место ќе биде мултифункционалната сала Ланксес Арена во Келн, каде со години се одржува Фајнл фор во Лигата на шампионите и од оваа сезона Купот на Германија.

Французите до финалето стигнаа со голема помош на македонските судии Слава Николов и Ѓорѓи Начевски, кои во последните три минути од полуфиналниот дуел досудија четири неверојатни одлуки на штета на Шведска, вклучувајќи го и последниот гол во регуларниот дел на натпреварот кога Елохим Пранди од деветте го победи Андреас Паличка додека Данците ја оправдаа улогата на фаворити против Германија и се пласираа во големото финале.

Македонците на тој начин им оневозможија на Швеѓаните да ја одбранат титулата европски првак освоена пред две години во Унгарија и Словачка кога во големото финале ја совладаа селекцијата на Шпанија.

На Еврото, триколорите забележаа седум победи и едно реми против швајцарскиот тим, што не им направи поголеми проблеми откако Швајцарците беа елиминирани од натпреварувањето во првата фаза од натпреварувањето.

Од друга страна, и Данците забележаа седум победи, но и пораз од словенечката репрезентација во натпревар кој не беше важен резултатски, бидејќи Скандинавците пред таа средба веќе обезбедија пласман во финалето и тоа од првата позиција.

Најдобар стрелец кај Французите е Дика Мем кој постигна 47 гола од 69 обиди на осум одиграни натпревари, додека на другата страна Матијас Гидсел погоди 46 пати од 58 обиди на седум натпревари.

Многу ќе зависи и од голманот. Самир Белахчене досега собра 54 одбрани со процент од речиси 33 отсто одбранети удари, а неговата замена Реми Дезбоне досега собра 33 одбрани на турнирот, додека на другата страна брилјира данскиот голмански двоец.

Емил Нилсен е еден од најдобрите голмани на турнирот со 63 одбранети удари или 40 отсто одбранети удари, додека Никлас Ландин собра 47 одбрани на турнирот или 31 отсто одбранети удари.

Да напоменеме дека ова Европско првенство ќе биде последно за култното ракометно дуо Микел Хансен од една страна и Никола Карабатиќ од друга, кои сакаат да се простат со голем стил.

Инаку, францускиот тим досега освои три златни и два бронзени медали на европските првенства, додека Данците во настапите на ракометното евро освоија две злата, едно сребро и четири бронзи.

Со други зборови, Французите не губат финале на ЕП, а тоа беше случај во 2014 година, кога овие две селекции се сретнаа во финалето на ЕП во Данска. Французите славеа и ја освоија третата и последна титула европски првак.

Кога станува збор за финалињата на големите натпреварувања, Французите изгубиле само три пати во историјата, во 2016 година на Олимписките игри во Рио де Жанеиро и во 1993 и 2023 година на Светските првенства во Шведска, Полска и Шведска.

За разлика од Франција, Данска на титулата европски првак чека 12 години, откако последната титула ја освои во 2012 година кога во финалето го совлада домаќинот Србија.

Што се однесува до нивниот меѓусебен сооднос од 2005 година до денес, тие одиграа 28 натпревари, а Франција победи 15 пати, додека Данците победија на 12 натпревари, а еден меч заврши без победник.

Финалето на Европското првенство е закажано со почеток во 17 часот и 45 минути, а претходно во дуел за третото место ќе ги одмерат силите Шведска и Германија.

Главни судии на натпреварот се Шпанците Андреу Марин и Игнасио Гарсија, додека делегати се Марко Треспиди од Италија и Ојвинд Тогстад ​​од Норвешка.

реклама

5 хороскопски знаци ќе бидат на чекор до раскинување во мај

Read more

3 здрави јаглехидрати за контрола на шеќерот во крвта

Read more

Кои се најпродавани автомобили во Европа годинава?

Read more

Гостите секогаш ги забележуваат: 6 ситници кои би можеле да ве посрамотат

Read more

Ракомет

Вардар го доби дербито против Еурофарм Пелистер, блескаше голманот Томовски

Read more

Познати четвртфиналните двојки во Лигата на шампионите, тронот го брани Магдебург

Read more

Најдебелиот ракометар во светот има нов клуб, доаѓа во соседството

Read more

РФМ ќе ги награди сениорските селекции ако се пласираат на СП и ЕП

Read more
 

Спорт

  • play_arrow

7 фудбалери кои си ја фрлија кариерата во вода

Читај повеќе
  • play_arrow

Јовиќ им пркоси на законите на гравитацијата

Читај повеќе
  • play_arrow

Леброн ги спаси Лејкерс и го „поништи“ трипл-даблот на Јокиќ

Читај повеќе
  • play_arrow

Меси повторно растура!

Читај повеќе

Антонио Конте се враќа: Ќе преземе тим што пропаѓа

Читај повеќе
  • play_arrow

Турското „чудо од дете“ го донесе Реал на дофат до титула

Читај повеќе

Sport Italia: Се подготвуваат револуционерни промени во Наполи

Читај повеќе

Барди малку претера: Во еден период бев подобар од Лео Меси

Читај повеќе

Кин и Невил: Бевме пијаници, а потоа дојдоа нутриционистите

Читај повеќе