Земјотрес откри огромна скулптура со змиска глава од Ацтеките под универзитетот во Мексико Сити

Минатогодишниот земјотрес откри големо изненадување под Правниот факултет во денешен Мексико Сити: огромна, шарена змиска глава од Ацтечкото Царство.

Змиската глава датира повеќе од 500 години од времето кога Ацтеките ја контролирале областа, која била дел од главниот град Теночтитлан, кој бил во подем во тоа време.

Скулптурата е откриена откако земјотрес со јачина од 7,6 степени според Рихтеровата скала го погоди Мексико Сити на 19 септември 2022 година, а сеизмичкиот настан предизвика оштетување и промени во топографијата, откривајќи ја главата на змијата под зградата што беше дел од Правниот факултет на Националниот автономен универзитет во Мексико, објави Мексиканскиот национален институт за антропологија и историја (ИНАХ) во соопштение.

Ацтеките граделе храмови и пирамиди и обожувале бројни божества, вклучувајќи го и Кецалкоатл, кој често бил прикажуван како змија. Сепак, не е јасно дали оваа скулптура го прикажува него, велат археолозите.

Издлабената змија е долга 1,8 метри, широка 0,85 метри, висока 1 метар и тежи околу 1,3 тони, соопшти ИНАХ. Неколку бои - вклучувајќи црвена, сина, црна и бела - се зачувани на скулптурата.

Бојата е зачувана на околу 80% од површината на скулптурата. За да ја зачува, тимот на ИНАХ ја извлекол змиската глава од земјата со кран и изградил комора за сушење околу скулптурата. „Оваа комора ѝ овозможува на скулптурата постепено да ја губи влагата додека ја зачувува нејзината боја“, рече Мариа Барахас Роча, конзерваторка од ИНАХ, која интензивно работела на скулптурата.

„Иако во Теночтитлан се пронајдени други скулптури на змиски глави, оваа е особено важна поради зачуваните бои“, изјави Ерика Роблес Кортес, археолог од ИНАХ.

„Благодарение на контекстот во кој беше откриено ова дело, но пред сè, благодарение на големата интервенција на реставраторите-конзерватори предводени од Мариа Барахас, беше овозможено стабилизирање на боите за нејзино зачувување во речиси целата скулптура, што е исклучително важно, бидејќи боите ни помогнаа да ја замислиме предхиспанската уметност од друга перспектива“, изјави Роблс Кортес за Live Science.

„Огромната големина на скулптурата е импресивна, како и уметноста, но зачувувањето на боите е извонредно“, рече Френсис Бердан, почесна професорка по антропологија на Калифорнискиот државен универзитет во Сан Бернардино, која не беше вклучена во ископувањето.

„Опстанокот на црната, белата, црвената, жолтата и сината е особено интересно - дава добра слика за визуелното влијание на таквите скулптури додека се дистрибуираат низ центарот на градот“, изјави Бердан за Live Science.

Покрај зачуваните бои, значајна е и големината на змиската глава, вели Бертран Лобжоа, вонреден професор по хуманитарни науки на Универзитетот во Монтереј во Мексико, кој не бил вклучен во ископувањето.

„Кога прв пат ја видов оваа змиска глава, бев заслепен од нејзините димензии“, рече тој.

Лобжоа, исто така, ја пофали конзерваторската работа која им овозможила на боите да опстанат, истакнувајќи дека „процесот на конзервација ни овозможува да го цениме натуралистичкиот пристап кон фигурацијата“ што го користеле ацтечките уметници.

реклама

Голем месечен хороскоп за декември 2023

Read more

Ибра: Имам толку многу пари, а брат ми не успеав да го спасам

Read more

Зошто треба да јадете кисела зелка цела зима?

Read more

Откриено дека црната дупка во центарот на Млечниот Пат ги искривува времето и просторот

Read more

Вести

WhatsApp додаде опција за таен код за криење разговори

Read more

Италијанци ќе го градат модулот за живеење на Месечината

Read more

Virgin Atlantic направи историски лет меѓу Лондон и Њујорк користејќи одржливо авионско гориво

Read more

Со нас се од самиот почеток: Вошките и нивната улога во проучувањето на миграциите на луѓето

Read more
 

Гик

WhatsApp додаде опција за таен код за криење разговори

Читај повеќе

Италијанци ќе го градат модулот за живеење на Месечината

Читај повеќе

Апликацијата Google Messages достигна милијарда корисници, доби 7 новитети

Читај повеќе
  • filter

Virgin Atlantic направи историски лет меѓу Лондон и Њујорк користејќи одржливо авионско гориво

Читај повеќе

Со нас се од самиот почеток: Вошките и нивната улога во проучувањето на миграциите на луѓето

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

Кина: Најдовме геометриски форми под површината на Марс

Читај повеќе
  • filter

Европски божикни базари со најдолга и најинтересна традиција

Читај повеќе

Новооткриени сидра на брегот на Сицилија даваат нов увид во архајскиот период

Читај повеќе

Увери се во револуционерна елеганција во производството на Vivax 4K QLED Android TV

Читај повеќе