КВАЛИФИКАЦИИ ЗА ФИФА СВЕТСКО ПРВЕНСТВО КАТАР 2022

Жоржињо: Двата пенала против Швајцарија ќе ме прогонуваат до крајот на животот

Веројатно главниот виновник што Италија ќе пропушти втор Мундијал по ред, а и што воопшто играше во бараж наместо да се пласира директно, е Жоржињо, поради неговите два промашени пенали во квалификациите.

Жоржињо, познат како мајсторот за пенали на Челси, промаши два пенала во квалификациите за Италија и тоа двата против Швајцарија, која на крајот заврши прва во групата и обезбеди виза за Катар. И двата пенала беа за победа, едниот на гости, а другиот дома (двата натпревара завршија нерешено - 0:0 и 1:1). На крајот токму поради тие промашувања на Жоржињо Италија се најде во баражот, а таму сите знаеме што се случи синоќа.

„Боли кога ќе помислам бидејќи сѐ уште мислам на нив и ќе ме прогонуваат до крајот на животот“, признава Жоржињо за RAI Sport

Во 53. минута од дуелот во Базел во септември Јан Зомер го прочита Жоржињо и го одбрани неговиот удар.

Remote video URL

„Да се обидеш двапати и да не му помогнеш на твојот тим и на твојата држава е нешто што ќе ме следи засекогаш, ќе ми биде товар“, додава.

Потоа во претпоследното коло во ноември во Рим повторно Зомер му фати пенал на Жоржињо во 90-тата минута, овој пат решавачки за првото место во групата.

Remote video URL

Италија синоќа доживеа изненадувачка елиминација од Македонија со гол примен во втората минута од надополнувањето, а Жоржињо и дружината не можеа да го најдат патот до македонската мрежа.

„Луѓето велат дека треба да ги исправиме главите и да продолжиме понатаму, но тешко е“.

„Тешко е да се објасни што се случи. Многу боли. Да бидам искрен, уште не ми се верува. Не мислам дека не бевме креативни, доминиравме како и секогаш и создадовме многу шанси. Нажалост не бевме кадарни да ги завршиме. Игравме добар фудбал, го освоивме Европското првенство минатото лето, но за жал на последните неколку натпревари направивме мали грешки и потоа не можевме да се издигнеме. Тие ја направија разликата“, заклучи Италијанецот роден во Бразил.

реклама

5 хороскопски знаци ќе бидат на чекор до раскинување во мај

Read more

3 здрави јаглехидрати за контрола на шеќерот во крвта

Read more

Гостите секогаш ги забележуваат: 6 ситници кои би можеле да ве посрамотат

Read more

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Фудбал

Антонио Конте се враќа: Ќе преземе тим што пропаѓа

Read more

Турското „чудо од дете“ го донесе Реал на дофат до титула

Read more

Sport Italia: Се подготвуваат револуционерни промени во Наполи

Read more

Барди малку претера: Во еден период бев подобар од Лео Меси

Read more
 

Спорт

Антонио Конте се враќа: Ќе преземе тим што пропаѓа

Читај повеќе
  • play_arrow

Турското „чудо од дете“ го донесе Реал на дофат до титула

Читај повеќе

Sport Italia: Се подготвуваат револуционерни промени во Наполи

Читај повеќе

Барди малку претера: Во еден период бев подобар од Лео Меси

Читај повеќе

Кин и Невил: Бевме пијаници, а потоа дојдоа нутриционистите

Читај повеќе
  • play_arrow

Диуф го издрибла Макрон, па овој го шутна по нога

Читај повеќе
  • play_arrow

Легендарниот Чарлс Баркли го исчисти подот на Лејкерс по новиот пораз од Јокиќ и Денвер

Читај повеќе

Ненад Димитријевиќ е МВП на ВТБ лигата

Читај повеќе

Кјеза: Заминувам ако Алегри остане тренер

Читај повеќе