Златна рамка од 18 до 20 јуни во МКЦ: Нови македонски филмови, презентации, трибини

Шестото издание на „Златна рамка“ – Денови на македонскиот филм, во организација на Друштвото на филмските работници на Македонија (ДФРМ), ќе се одржи од 18 до 20 јуни во киното „Фросина“ во Младинскиот културен центар.

Филмската ревија „Златна рамка“ претставува можност за публиката бесплатно да ги гледа македонските филмски остварувања што биле реализирани во текот на изминатата година, а биле поддржани од Агенцијата за филм. Филмската програма годинава содржи долгометражни, краткометражни и документарни остварувања.

Во рамките на долгометражната програма на 18 јуни, во 20:30 часот, ќе биде прикажан филмот „Преекспонирано“ на режисерката Елеонора Венинова во продукција на ДНФ продукција, на 20 јуни е проекцијата на „Домаќинство за почетници“ на режисерот Горан Столевски со Лист продукција, како и филмот „Лена и Владимир“ на режисерот Игор Алексов со Минд продукција.

Краткометражната програма содржи девет филма, кои ќе бидат прикажани во терминот од 18 часот на 19 јуни. На програмата се остварувања на режисер(к)ите Александра Кардалевска, Ангела Димеска, Јован Саркањац, Јане Спасиќ, Ѓорче Ставрески, Сандра Георгиева, Сабедин Селмани, Берат Асани, Јане Алтипармаков и Бесар Илјази.

Документарната програма носи пет остварувања, а проекциите се распоредени во текот на трите дена на одржувањето на ревијата „Златна рамка“. На 18 јуни, во 18 часот, е проекцијата на филмот „Бисер“, во режија на Драган Кумев, а во 19 часот ќе биде прикажан документарецот „Последниот каубој на Балканот“, на режисерот Сабедин Али. На 19 јуни, во терминот од 12 часот, ќе бидат прикажани филмовите „Живот на крстосница“ (Недопирливи) на Зоран Димов и „Емигрант сум или…“ на Сенад Абдули. На 20 јуни, во 18 часот, ќе биде прикажан документарниот филм „Јанѕа“, работен според „Дневник по многу години“ од Блаже Конески, во режија на Никола Т. Калајџиски, во продукција на Контраст филм.

Социјалната програма „Фокус“, наменета за публиката која од разни социјални ограничувања не може да го посети киното „Фросина“, годинава ќе се одржи на 20 јуни во Домот за стари лица „Мајка Тереза“.

Покрај ревијата на македонски филмови, „Златна рамка“, предвидува да се одржи свечено собрание на ДФРМ на 18 јуни. На 19 јуни, пак, во 20 часот, ќе има презентација на филмската камера Sony.

На 20 јуни, во 12 часот, ќе се одржи трибина со наслов „Зачувување на аудиовизуелното наследство“, на која ќе учествуваат Владимир Ангелов, вон. проф. м-р Владимир Павловски, Игор Старделов и Роберт Јанкуловски.

Традиционално „Златна рамка“ ќе ги додели почесни награди на ДФРМ за филмски актер, филмски автор и филмски работник.

реклама

Метеорит што проби покрив на куќа во Њу Џерси би можел да содржи индиции за потеклото на животот

Read more

Зошто повеќето денешни бензинци имаат 1,5 турбо мотор: Не е случајно

Read more

Урнал ѕид од подрум поради исчезнати кокошки, а зад него пронашол град стар илјадници години

Read more

По серија американски напади се урна кулата од која Иран го контролираше поморскиот сообраќај

Read more

Култура

Општина Чаир: Од 23 до 26 јули ќе се одржи првото издание на Меѓународниот музички фестивал Чаршија

Read more

Почнува меѓународниот фолклорен фестивал Гази Баба 2026

Read more

Бесплатни проекции на македонски филмови на големото платно

Read more

Изложба на мозаици на академскиот сликар и мозаичар Ѓорѓи Томовски во Охрид

Read more

Вести

Одбил да седне до жена поради шеријатскиот закон, па ја удрил стјуардесата оти одбила да го премести

Читај повеќе

Предложен притвор за Британец, фрлал камења кон инспектори во Куклица

Читај повеќе

Агенцијата за храна забрани да се пие водата во Гостивар

Читај повеќе

Стотици граѓани во Гостивар побарале лекарска помош, се сомнева дека водата од Вруток е загадена

Читај повеќе

Одбиен амандманот на Левица за покривање на трошоците на македонските репрезентативци

Читај повеќе

Владата донесе одлука – кризната состојба за нафта продолжена до 20 октомври

Читај повеќе

Србија се приклучува на вселенската програма на НАСА

Читај повеќе

УЈП со повик до граѓаните да се регистрираат на системот е-Даночни услуги

Читај повеќе

Реакција на Бујар Османи: Навистина мора да се очајни во ВЛЕН

Читај повеќе