240 дена во изолација: Почна проектот SIRIUS-21 - симулација на месечева мисија

Шест доброволци од Русија, САД и ОАЕ ќе поминат осум месеци симулирајќи мисија на Месечината како дел од меѓународниот проект SIRIUS-21 кој денеска стартуваше во Москва.

Сценариото вели дека шестмината прво ќе одат на лансирање кон Месечината, ќе се спуштат на нејзината површина и потоа ќе се вратат на Земјата - сето ова за 240 дена.

Всушност, тие цело време ќе бидат затворени во автономно здание во руската престолнина. Со Оперативниот центар ќе комуницираат преку радио врска, а со своите најблиску ќе можат да стапат во контакт само преку електронска пошта.

Тројца учесници се од Русија, двајца од САД и еден претставник имаат Обединетите Арапски Емирати:

  1. Олег Блинов (Русија) - командант на екипажот
  2. Ешли Ковалски (САД) - инженер за летање
  3. Викторија Кириченко (Русија) - лекар
  4. Вилијам Браун (САД) - истражувач
  5. Салех Омар ал Амери (ОАЕ) - истражувач
  6. Јекатерина Карјакина (Русија) - истражувач.

Проектот е взаемна соработка на Институтот за биомедицински проблеми при Руската академија на науки и Програмот за човечки истражувања на НАСА.

Името SIRIUS-21 е акроним од Scientific International Research in Unique Terrestrial Station Experiment (Научно меѓународно истражување во уникатен експеримент на копнена станица), а бројот 21 е годината кога почна проектот - 2021.

Волонтерите ќе извршуваат задачи какви што имаат космонаутите и астронаутите на вистинска станица, во што се вклучени и дневен медицински моноторинг и редовен физички тренинг. Специјални вселенски одела со VR шлемови беа направени за овој проект за да се симулираат активности на екипажот на површината на земјиниот сателит. Меѓу другите работи, ќе треба и да соберат примероци од почвата и да управуваат со ровер.

По професија командантот Блинов е инструктор за космонаути, Кириченко е хирург, а Карјакина е стјуардеса. Од двајцата Американци, Ковалски работи во Американскиот вселенски команден систем, додека Браун има диплома по руски јазик и литература. Ал Амери е тест космонаут при Вселенскиот центар Мохамед бин Рашид во ОАЕ.

Remote video URL
реклама

Една навика после јадење ќе ви го подобри варењето и здравјето на цревата

Read more

Како настанува нафтата? 5 факти што секој треба да ги знае

Read more

Сувата уста може да биде предупредувачки знак за сериозни здравствени состојби

Read more

Најлоши места во домот за собни растенија

Read more

Вести

Уредите на Apple наскоро ќе може да се контролираат со очи

Read more

Австралија целосно ги гаси 3G мрежите

Read more

Јапонците ќе го градат првиот брод на пелети

Read more

Минатото лето беше најжешкото во последните 2.000 години

Read more
 

Гик

  • play_arrow

ChatGPT доби надградба на која само небото ѝ е граница

Читај повеќе

Canon потврди: Доаѓа моќниот EOS R1

Читај повеќе

Приватен простор и подобaр мултитаскинг: Пристигна Android 15 Beta 2, еве што сѐ носи

Читај повеќе

Никола Тодороски: „Наша гордост. Наша одговорност“ ми отвори нова перспектива колку може позитивно да се влијае

Читај повеќе

Микробите и нивното изненадувачко влијание врз нашето социјално однесување

Читај повеќе
  • play_arrow

Уредите на Apple наскоро ќе може да се контролираат со очи

Читај повеќе

Игрицата EA FC ја губи лиценцата за Интер во следното издание

Читај повеќе

Австралија целосно ги гаси 3G мрежите

Читај повеќе

Јапонците ќе го градат првиот брод на пелети

Читај повеќе