6 причини зошто се враќаме здебелени од летен одмор

А.С.
/ 01.07.2024 / 17:17

На годишен летен одмор одиме за да се опуштиме, а тоа значи дека ќе се опуштиме и во навиките на јадење и физичка активност. Тоа веднаш се покажува на линијата или на вагата.

Секој има потреба од одмор и релаксација од стресот, а тоа често вклучува и фина храна и некои алкохолни пијалоци. И, тоа е во ред, сѐ додека не претераме и сфатиме дека сето тоа почнува да се одразува на килажата.

Ова се едни од најлошите навики, кои скоро сите ги прават кога се на летен одмор и се здебелуваат.

Не пиете доволно вода

Бидејќи го носите шишето со вода насекаде, треба да го носите и на одмор. Без разлика дали сте на активен одмор или уживате на плажа, важно е да пиете доволно вода. Така се ладиме, но исто така ја надополнуваме течноста што телото ја изгубила преку потењето.

„Заборавате“ да ја спакувате облеката за вежбање

Најдовте место во куферот за комбинации за сите временски услови, но не и за облеката за вежбање? Ако не понесете опрема за вежбање, многу е веројатно дека нема да извежбате ниту еднаш додека сте на одмор, а со опуштеноста во однос на исхраната, ќе направите двојно поголема штета.

Јадете сè

Без разлика дали сте во хотел каде имате понуда „all inclusive“ или сте во нова и непозната дестинација и сакате да ги испробате сите специјалитети, ова не е добро за вашата линија. Кога ќе пробате од сè по малку, калориите се натрупуваат во текот на денот, и ако не вежбате, нема каде да ги потрошите.

Пиете само коктели

Алкохолните пијалоци сами по себе се празни калории, а коктелите се уште и полни со шеќер. Сето ова во никој случај не оди во прилог на вашата линија.

Легнувате доцна и спиете до доцна

Добро е познато дека недостатокот на сон лошо влијае на телото, па дури и на телесната тежина. Телото едноставно нема доволно време да се опорави и да се одмори и немате доволно енергија за вежбање во текот на денот.

Откако ќе легнете доцна, спиете повеќе следното утро, а тоа не е добитна комбинација за одржување на линијата. Имено, едно истражување покажало дека луѓето кои стануваат подоцна внесуваат скоро 300 калории повеќе дневно отколку ранобудниците.

Го прескокнувате појадокот

Едноставно кажано, луѓето кои појадуваат здрав и нутриционистички богат појадок, во просек губат повеќе тежина од оние кои го прескокнуваат тој оброк.

реклама

Голем неделен финансиски хороскоп за секој знак

Read more

Кога потењето е причина да побарате лекарска помош?

Read more

Netflix го укинува популарниот план за претплата

Read more

Од 7 јули сите нови автомобили мора да имаат систем за предупредување за брзина

Read more

Фит

Како се прави „газе за медаља“?

Read more

Четири појадоци со кои ќе внесете повеќе протеини

Read more

Тајна состојка помага да го удвоите внесот на протеини и побрзо да изгубите килограми

Read more

7 работи што никој не ви ги кажува за салото во долниот дел на стомакот

Read more
 

Магазин

Како дрвјата во градовите спасуваат човечки животи?

Читај повеќе

Кое овошје ќе ве спаси од стомачни проблеми кога патувате?

Читај повеќе

Нудли со бело месо и зеленчук во соја сос

Читај повеќе

Кардиолозите советуваат колку јајца може да јадеме неделно

Читај повеќе
  • play_arrow

Ги посетил сите земји во светот, за една вели дека е сѐ што можете да посакате

Читај повеќе

Маслинките може да бидат сојузник против дебелината и дијабетесот

Читај повеќе

7 намирници кои не треба да ги јадете на празен стомак

Читај повеќе

Секс за мрзи: Позата „лежечки полицаец“ гарантира интензивни оргазми

Читај повеќе

Голем неделен финансиски хороскоп за секој знак

Читај повеќе