Аналитичарка на соништа открива што значи кога постојано сонуваме една иста личност

Лори Левенберг, аналитичарка на соништа, откри што значи ако често сонувате за некој кој веќе е во вашиот живот.

Соништата може да бидат невообичаени. Без разлика дали постојано сонувате за некој што едвај го познавате, имате детални и вознемирувачки соништа за саканите или го доживувате истиот сон одново и одново, може да биде тешко да ги разберете. Сепак, експертите за соништа веруваат дека многу може да се разбере од нашите соништа.

„Зависи кого сонувате и што се случува во вашата врска со таа личност“, вели аналитичарката Левенберг. Ако се работи за некој кој е многу присутен во вашиот буден живот, како што е вашиот партнер, дете или некој многу близок до вас, можеби редовно сонувате за него затоа што вашиот ум се обидува да реши или поправи нешто во вашата врска со нив, вели Левенберг за Mind Body Green.

Целта на сонот е главно да се решаваат проблемите, вели Левенберг и додава:

„Ако го сонувате вашето дете или го сонувате вашиот партнер, тогаш можеби се случува нешто загрижувачко што сакате да го дознаете, но тоа не значи дека е лошо. Тоа само значи дека се случува нешто што се обидувате да го разберете подобро на јаве. Може да биде важно да се обрне внимание на повторливите соништа.“

Левенберг предлага да ги толкувате вашите соништа метафорично, а не буквално.

„Соништата не се нужно линеарни или рационални; тие се многу поемотивни, симболични и метафорични. Затоа, на соништата треба да гледаме метафорично, бидејќи тие зборуваат во метафори“, вели таа.

реклама

Арсовска му одговори на Мицкоски: Град Скопје нема надлежност да постапува по дивоградби

Read more

Русија почнува бесплатна вакцинација на населението против рак

Read more

Мачка: Како и да ја викате, не доаѓа

Read more

Хамилтон загрижен за новите правила во Формула 1

Read more

Чек дис аут

Мачка: Како и да ја викате, не доаѓа

Read more

„Наркомачка“ фатена како шверца дрога во затвор во Костарика

Read more

15 најнеобични летечки возила

Read more

Прошетка низ Битола од 60-тите и 70-тите

Read more
 

Магазин

Крварењето од носот може да биде знак за сериозна медицинска состојба

Читај повеќе

Едноставни начини да ја контролирате исхраната без да се изгладнувате

Читај повеќе

Зошто никогаш не треба да ги оставате тестенините во цедалката?

Читај повеќе

Природен лек за многу болести: Зошто треба да консумираме бозел?

Читај повеќе

Едноставен трик за подобро варење: Јадете круша секој ден

Читај повеќе
  • play_arrow

Најчестата фраза што ја користат жените кога не се заинтересирани за некого

Читај повеќе
  • filter

Лорен Санчес со деколтето крадеше погледи во Кан: Блесна во тесен фустан

Читај повеќе

Најлошиот начин за складирање леб: Поттикнува расипување и мувла

Читај повеќе

Мотивацијата за вежбање најмногу опаѓа на одредена возраст

Читај повеќе