Apple ќе продава делови и алатки за поправка на iPhone и Mac дома

Apple ќе им дозволи на корисниците на iPhone и Mac да ги поправаат своите уреди дома.

Мултинационалната корпорација планира да започне со продажба на делови и алатки за поправка на своите уреди, а исто така ќе понуди и инструкции како тоа да се направи дома наместо да се носи во продавница или да се бара услуга од трета страна.

Првично, програмата ќе важи за iPhone 12 и iPhone 13, а потоа и за Mac со M1 процесори. Корисниците на уредите на Apple ќе можат да ги заменат екранот, батеријата и камерата на iPhone користејќи ги оригиналните делови, додека другите опции ќе бидат достапни подоцна.

Ова е огромна работа за Apple, кој традиционално е против поправки надвор од своите продавници.

Apple оваа своја нова програма ја именуваше како Self Service Repair и ќе ја лансира на почетокот на следната година во САД, а потоа ќе ја прошири во други земји. Сепак, беше посочено дека ќе биде наменет за „индивидуални техничари со знаење и искуство во поправка на електронски уреди“ и дека повеќето корисници сепак ќе треба да побараат помош од професионалци.

Сепак, голем чекор е фактот што Apple сега им нуди опција на клиентите кои имаат храброст сами да ги направат поправките.

Самите поправки нема да ја поништат гаранцијата, но тоа може да биде случај доколку дојде до оштетување.

Тагови
реклама

Една навика после јадење ќе ви го подобри варењето и здравјето на цревата

Read more

Како настанува нафтата? 5 факти што секој треба да ги знае

Read more

Сувата уста може да биде предупредувачки знак за сериозни здравствени состојби

Read more

Најлоши места во домот за собни растенија

Read more

Вести

Уредите на Apple наскоро ќе може да се контролираат со очи

Read more

Австралија целосно ги гаси 3G мрежите

Read more

Јапонците ќе го градат првиот брод на пелети

Read more

Минатото лето беше најжешкото во последните 2.000 години

Read more
 

Гик

  • play_arrow

ChatGPT доби надградба на која само небото ѝ е граница

Читај повеќе

Canon потврди: Доаѓа моќниот EOS R1

Читај повеќе

Приватен простор и подобaр мултитаскинг: Пристигна Android 15 Beta 2, еве што сѐ носи

Читај повеќе

Никола Тодороски: „Наша гордост. Наша одговорност“ ми отвори нова перспектива колку може позитивно да се влијае

Читај повеќе

Микробите и нивното изненадувачко влијание врз нашето социјално однесување

Читај повеќе
  • play_arrow

Уредите на Apple наскоро ќе може да се контролираат со очи

Читај повеќе

Игрицата EA FC ја губи лиценцата за Интер во следното издание

Читај повеќе

Австралија целосно ги гаси 3G мрежите

Читај повеќе

Јапонците ќе го градат првиот брод на пелети

Читај повеќе