Арсовска: Реконструкцијата на Универзална не е стопирана, ќе продолжи со ново техничко решение

На денешната прес-конференција во врска со реконструкцијата на Универзална сала, градоначалничката Арсовска истакна дека решението на претходното ракободство има пропусти и аномалии и дека реконструкцијата на Универзалната сала не е стопирана и истата ќе продолжи соодветно со ново техничко решение.

Арсовска истакна дека на 6 јули 2021 година е изготвен записник во кој што јасно се нагласува дека постојат проблеми со постојната состојба на проектот, односно неусогласеност на проектот со постојната состојба на Универзална сала, а дополнително новопроектираните конструктивни елементи е предвидено да се постават врз трафостаница во рамки на постојниот објект за која што постои проблем во нејзината дислокација.

„Претходното раководство свесно за проблемите продолжиле со градежни активности иако знаеле дека постојат грешки и пропусти во однос на реконструкцијата. Во текот на месец август се изготвени нови записници и тоа 6, 7 и 8, од 10.08.2021, 17.08.2021 и 24.08.2021, каде се нотирани проблеми за постојните конструктивни елементи, незадоволувачки параметри на армирано-бетонската конструкција и незадоволително ниво на арматура во истата, при што се очекува извештај од ЗИМ за начин на санација или рушење на тие армирано-бетонски елементи“, рече таа.

Градоначалничката посочи дека на 7 октомври минатата година е одржан состанок во Град Скопје на кој покрај претставници на фирмите проектант, изведувач и надзор на градежните активности присуствувале и тогашниот секретар на Град Скопје и секторски претставници кои заклучиле дека постојат сериозни технички проблеми и недостатоци во процесот на реконструкција на Универзална сала, за што е потребно да се направат измени во проектот. Оваа одлука е одбиена од страна на Општина Центар и не е издадено решение за измени во тек на градење, при што е побарано да се аплицира со нов проект и ново одобрение за реконструкција на Универзална сала.

„На 12.10.2021 со записник број 16 надзорниот инженер дал препорака да се срушат или демонтираат конструктивните елементи, кои не ги задоволуваат карактеристиките согласно извештајот од ЗИМ, а да се демонтираат и челични елементи кои се кородирани на споевите и се проценети како несигурни и опасни за безбедноста на објектот“, додаде Арсовска.

Додаде и дека затекнатата состојба на терен во однос на тоа како се трошеле средствата донирани од Владата за реализација на овој проект која обезбедила 120 милиони денари, укажува на непланско и несоодветно искористување на средствата, без притоа да имаат целосна техничка документација и дополнително да се осигураат дека овој објект ќе биде безбеден да може да се користи и дека еден ден нема да се сруши додека внатре има полна сала граѓани.

„Грешки во проектната документација прифатена од претходното раководство на Град Скопје е причина за намален интензитет на активностите на реконструкцијата на Универзалната сала. Поради грешка во проектната документација, продолжувањето какви било градежни активности предвидени во првичниот проект за реконструкција на Универзалната сала значи опасност по безбедноста на граѓаните. Има грешки во проектот и поради тие грешки наместо планираните столбови постојното решение потребно е да се зајакне со дополнителни 2 носечки столба, но детектирани се и бројни други недостатоци“.

Таа посочи и дека документацијата за реконструкција на Универзалната сала во моментов се одвива фаза во која се прави реконструкција на фасадата и кровен покривач, додека за следна фаза за внатрешното уредување на објектот воопшто не е изработена ни проектна документација за изведба на внатрешниот дел. Овие информации се јасно наведени и во извештаите за текот на активностите во врска со реконструкција и адаптација на Универзалната сала. 

„По воведување во работа, изведувачот се соочува со низа проблеми од обемен карактер, односно се појавуваат проблеми поради неусогласеност на проектот со постојната состојба на објектот, како и низа неочекувани состојби со градежно конструктивните елементи на истиот, односно воопшто непостоење на арматура во темелни ѕидови, испукана армирано-бетонска плоча на сцена, неочекувани постојни темели на места на кои се предвидени новите конструктивни елементи и слично“, додаде градоначалничката.

реклама

3 симптоми на недостаток на витамин Б12 што се забележуваат при јадење

Read more

Поразениот Фјури со тешка повреда во болница го испратил победникот Усик

Read more

Кардиолозите открија кој протеин е најдобар за здравјето на срцето

Read more

Сувата уста може да биде предупредувачки знак за сериозни здравствени состојби

Read more

Македонија

До среда нестабилно време со дожд и грмежи

Read more

Делови од Аеродром, Карпош и Ѓорче Петров утре без струја

Read more

ДИК ги соопшти местата на кои ќе се прегласува на 22 мај

Read more

Кадровски промени на Водно: Правникот Божинов и новинарот Момировски ќе раководат со претседателскиот кабинет

Read more
 

Вести

По обидот за атентат словачкиот премиер Фицо е надвор од животна опасност

Читај повеќе

До среда нестабилно време со дожд и грмежи

Читај повеќе

Во сообраќајката на Водњанска во Скопје со повреди завршија 7 лица

Читај повеќе

Под сомнение за планирање терористички напад во Австрија уапсено е малолетно девојче од Црна Гора

Читај повеќе

Делови од Аеродром, Карпош и Ѓорче Петров утре без струја

Читај повеќе

ДИК ги соопшти местата на кои ќе се прегласува на 22 мај

Читај повеќе

Кадровски промени на Водно: Правникот Божинов и новинарот Момировски ќе раководат со претседателскиот кабинет

Читај повеќе

Судир на 4 возила пред Клинички центар, неколку лица се повредени

Читај повеќе

Потона брод во Црното Море, се трага по исчезнатите членови на екипажот

Читај повеќе