Арсовска: За овие 82 дена успеавме да исчистиме над 150 диви депонии

Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска, на денешната прес-конференција даде отчет за реализираните проекти кои се дел од нејзината програма за првите 82 дена од градоначалничкиот мандат.

За еден од приоритетните проекти, за кој се обврза дека ќе се насочи уште во првите денови од мандатот, чистењето на дивите депонии на територијата на Град Скопје, таа потенцираше дека на истиот се работи во континуитет, а во овие 82 дена се исчистени над 150 диви депонии, од кои 120 се детектирани депонии за време на кампањата, но и диви депонии за кои пристигнале пријави од граѓани.

„За овие 82 дена успеавме да исчистиме над 150 диви депонии, покрај мапираните 120 кои беа детектирани за време на кампањата. За прв пат по децении во Скопје се спроведe акција за чистење на дивите депонии каде што се согоруваше опасен отпад, што претставуваше извор на загадување на воздухот, почвите и подземните води со што директно се влијае на квалитетот на живот на граѓаните. За да им овозможиме увид на граѓаните креиравме наменски линк со мапираните диви депонии, а воедно и почнавме со постапување по пријави за нивно чистење. Оваа акција спроведена од Град Скопје на чистење на диви депонии е најмасовната акција од овој тип која била спроведена некогаш во Македонија“, рече градоначалничката Арсовска.

Арсовска истакна дека на дел од површините каде што постоеле диви депонии планирани се нови зелени површини, а Градот започнал и со зачестени контроли на редовен и вонреден неселективен инспекциски надзор и воспоставување на системски решенија, со што секое физичко или правно лице кое загадува и со тоа директно влијае врз загадување на воздухот, почвата и подземните води со фрлање и согорување на опасен отпад и шут, ќе биде казнето со високи глоби.

„За прв пат неселективно се изрекуваат драконски казни за загрозување на животот и здравјето на граѓаните. Градот Скопје со стратегија за превенција, започнува со имплементација на системско решение кое опфаќа фото-документирање на загадувачите, работа во смени на инспекторатот со цел санкционирање на сторителите, снимање со дрон со цел детекција на депонии и обиди за нивно палење, но и активен систем за пријави од граѓани со цел итна реакција за превенција на загадувачите и нивно неселективно казнување“, дополни таа.

Remote video URL
реклама

Откриен нов вид „екстремно агресивна“ змија

Read more

3 симптоми на висок холестерол кои можат да се забележат на телото без тестирање

Read more

Голем неделен хороскоп од 17 до 23 јуни

Read more

Рецепт на денот: Пилешко „а ла Тоскана“

Read more

Македонија

Левица: Тарифата на нотарите енормно зголемена

Read more

Герасимовски: Учениците до 10 години може да бидат згрижени во градинките и за летниот распуст

Read more

Почина Стојан Андов – првиот претседател на Собранието на независна Македонија

Read more

Општина Карпош поставува „репелент“ за спречување на појава на змии

Read more
 

Вести

Левица: Тарифата на нотарите енормно зголемена

Читај повеќе

Герасимовски: Учениците до 10 години може да бидат згрижени во градинките и за летниот распуст

Читај повеќе

Почина Стојан Андов – првиот претседател на Собранието на независна Македонија

Читај повеќе

Тешко повредена скопјанка при судир меѓу мотоцикл и електричен тротинет

Читај повеќе

Повторно ќе биде сослушан осомничениот за убиството на двегодишната Данка

Читај повеќе

Општина Карпош поставува „репелент“ за спречување на појава на змии

Читај повеќе

Од четврток активно портокалово ниво за опасност од високи температури во Македонија

Читај повеќе

Објавен потесниот круг за регионалниот книжевен избор „Штефица Цвек“

Читај повеќе

Платформата за родова еднаквост за двојното убиство во Кратово: Станува збор за самоодбрана

Читај повеќе