Азиските берзи ги следат загубите на Волстрит

Повеќето азиски берзански индекси беа во пад во средата втор ден по ред, заостанати загуби на Волстрит, бидејќи инвеститорите останаа загрижени за здравјето на американските регионални банки и чекаа ФЕД повторно да ги зголеми каматните стапки подоцна во текот на денот.

Индексот MSCI на азиско-пацифичките акции беше во минус од 0,7 отсто околу 18 часот. Јапонскиот Никеи, пак, порасна за 0,12 отсто, додека австралискиот и јужнокорејскиот индекс паднаа за околу еден отсто.

Во текот на ноќта на Волстрит, сите три главни берзански индекси потонаа втор ден по ред, бидејќи инвеститорите се загрижени за здравјето на тамошните регионални банки.

По колапсот на Silicon Valley и Signature Bank во март, колапсот на First Republic во текот на викендот дополнително ја разниша довербата на инвеститорите во регионалните американски банки, особено во услови кога се очекува дополнително заострување на монетарната политика во САД. Најголеми губитници беа акциите на PacWest Bancorp, со пад на цената на нејзината акција за речиси 28 отсто и Western Alliance Bancorp, за 15 отсто.

Повеќето учесници на пазарот очекуваат ФЕД денеска повторно да ги зголеми каматните стапки за 0,25 процентни поени, а со посебно внимание ќе ја следат прес-конференцијата на претседателот на ФЕД, Џером Пауел.

Затоа на девизните пазари се тргува претпазливо во очекување на новите насоки од ФЕД, при што индексот на доларот, кој ги мери перформансите на американскиот долар во однос на шесте најважни светски валути, ослабна за 0,23 отсто, на 101,82 поени.

Истовремено, благо зајакна курсот на еврото во однос на доларот, за 0,32 отсто, на 1,1023 долари. Јенот, пак, падна од највисокото ниво во однос на доларот од почетокот на март, слабеејќи за еден процент на 136,02 јени за долар.

„Реакцијата на валутните пазари ќе зависи од тоа дали инвеститорите ќе проценат од изјавите на претседателот на ФЕД по состанокот дека циклусот на затегнување на монетарната политика ќе продолжи или дека ФЕД ќе поколеба во зголемувањето на каматните стапки“, рече Џозеф Капурсо од Commonwealth Bank of Australia. Тој очекува Пауел да биде за продолжување на затегнувањето, бидејќи инфлацијата останува превисока, а пазарот на трудот е претесен, иако и двата показатели неодамна се придвижија во вистинската насока.

На нафтените пазари, цените на црното злато продолжија да се намалуваат, пред натамошното зголемување на каматните стапки во САД и во еврозоната, што ќе ги забави економските активности. Така, цената на барел нафта во Лондон, по вчерашниот пад од 5 отсто, утрово се лизна за нови 0,2 отсто на 75,32 долари, додека на американскиот пазар цената на барелот WTI падна за 0,1 отсто на 71,59 долари.

Тагови
реклама

Производи што не треба да се користат по истекот на рокот

Read more

Идеја за појадок: Мини крофни од апарат

Read more
Макрон: Негирањето на Израел како држава е нова форма на антисемитизам

Макрон: Негирањето на Израел како држава е нова форма на антисемитизам

Read more
Тами Ејбрахам може да ја откачи Англија и да заигра за Нигерија

Тами Ејбрахам може да ја откачи Англија и да заигра за Нигерија

Read more

Бизнис

Европските инвеститори претпазливи, индексите благо паѓаат

Read more

Македонски Телеком со најголеми просечни брзини и најдобри резултати за вкупните перформанси на мрежата

Read more

Ворен Бафет конечно откри во што инвестирал милијарди долари

Read more

Втора Т Бизнис конференција на Македонски Телеком

Read more
 

Вести

По обидот за атентат словачкиот премиер Фицо е надвор од животна опасност

Читај повеќе

До среда нестабилно време со дожд и грмежи

Читај повеќе

Во сообраќајката на Водњанска во Скопје со повреди завршија 7 лица

Читај повеќе

Под сомнение за планирање терористички напад во Австрија уапсено е малолетно девојче од Црна Гора

Читај повеќе

Делови од Аеродром, Карпош и Ѓорче Петров утре без струја

Читај повеќе

ДИК ги соопшти местата на кои ќе се прегласува на 22 мај

Читај повеќе

Кадровски промени на Водно: Правникот Божинов и новинарот Момировски ќе раководат со претседателскиот кабинет

Читај повеќе

Судир на 4 возила пред Клинички центар, неколку лица се повредени

Читај повеќе

Потона брод во Црното Море, се трага по исчезнатите членови на екипажот

Читај повеќе