УЕФА ЛИГА НА ШАМПИОНИ 2022/2023

Баерн заринка на дождот во Манчестер, Интер таличен во Лисабон

Фудбалерите на Манчестер Сити и Интер синоќа забележаа рутински победи над Баерн и Бенфика во првите натпревари од четвртфиналето на Лигата на шампионите.

Томас Тухел иомаше неславно враќање на Островот каде Манчестер Сити го победи Баерн со 3:0 на „Итихад“ и веќе со едната нога е во полуфиналето.

Посебно впечатлив беше првиот гол што го постигна Родри во 27. минута, а другите два беа дело на Бернарду Силва во 70-тата и на Ерлинг Холанд во 76. минута.

Remote video URL

Интер славеше во Лисабон на „да Луж“ против Бенфика со 2:0 и дојде до голема предност во пресрет на реваншот во Милано.

Головите за „Нераѕурите“ ги постигнаа Николò Барела во 51. минута по нафрлувањето на Алесандро Бастони и Ромелу Лукаку од пенал во 82. минута откако ВАР го улови домашниот капитен Жуау Мариу како нафрлувањето на Дензел Думфрис го блокира со рака.

Домашните пропуштија неколку одлични прилики за гол и не треба да бидат однапред отпишани.

Remote video URL

Реваншите се играат на 19 април на „Алианц Арена“ во Минхен и на „Џузепе Меаца“ во Милано.

Вечерва од 21 часот се играат преостанатите два четвртфинални дуели во кои на „Сантјаго Бернабеу“ Реал Мадрид го пречекува Челси, додека на „Џузепе Меаца“ во италијанска класика Милан ќе го нагости Наполи.

реклама

Ископана човечка коска во дворот на Клиничкиот центар во Скопје

Read more

Заборавете на броењето чекори: Како качувањето по скали влијае на вашето тело

Read more

Зошто оревите се чуваат во замрзнувач?

Read more

„Бомба“ од 4 состојки го топи салото на стомакот

Read more

Фудбал

Финалето во Лига Европа во 2028 во Белград – Србија со Албанија сака да биде домаќин на У21 ЕУРО

Read more

Модриќ го урна рекордот на Пушкаш стар 60 години

Read more

Премиер лигата на клубовите ќе им го ограничи трошењето

Read more

Официјални состави: Баерн - Реал Мадрид

Read more
 

Спорт

  • play_arrow

Мадрид ќе добие нов шампион – Рубљов го победи Алкарас

Читај повеќе

Финалето во Лига Европа во 2028 во Белград – Србија со Албанија сака да биде домаќин на У21 ЕУРО

Читај повеќе

Штербик имал срцев удар

Читај повеќе

Модриќ го урна рекордот на Пушкаш стар 60 години

Читај повеќе
  • play_arrow

76ерс со чудесен пресврт избегнаа испаѓање, надежта ја продолжи и Милвоки

Читај повеќе

Премиер лигата на клубовите ќе им го ограничи трошењето

Читај повеќе

Официјални состави: Баерн - Реал Мадрид

Читај повеќе

И Добри Дол ќе има прволигаш: Беса 1976 обезбеди промоција

Читај повеќе

Ерлинг Холанд станува лик во култна видео игра

Читај повеќе