Библијата вели дека таму израснал Исус: Како денес изгледа Назарет?

Евангелијата тврдат дека Исус посетил многу места низ денешните Израел, Палестина, Египет и Либан. Но, како можеме да кажеме што навистина се случило, а што е легенда?

За да ја дознаат вистината, археолозите спровеле ископувања на многу области во близина на местата спомнати во Библијата. Нивните откритија даваат вредни информации за тоа како изгледале овие населби во античко време и дали Исус навистина можел да ги посети. Едно од местата на интерес на научниците е Назарет, местото каде што, според Библијата, Исус пораснал.

Евангелијата велат дека Исус, иако е роден во Витлеем, поголемиот дел од својот ран живот го поминал во Назарет, во денешен Северен Израел. Неодамнешните археолошки истражувања откриваат дека во текот на I век од нашата ера, Назарет била еврејска населба чии жители се чини дека ја отфрлиле римската култура.

Археолошките ископувања открија и дека со векови по смртта на Исус, луѓето ја посетувале куќата во Назарет во која верувале дека тој пораснал. Владетелите на Византиската империја (кои го контролирале Назарет до VII век од нашата ера) ја украсиле куќата со мозаици и над неа ја изградиле црквата на Воскресението на Исус, за заштита.

Испитувањето на артефактите пронајдени во куќата покажува дека таа била во употреба во I век од нашата ера, во времето кога живеел Исус. Сепак, научниците не можат со сигурност да кажат дали тоа е навистина неговата куќа. Оттогаш, археолозите пронајдоа уште две куќи од истиот период во Назарет.

Денес, Назарет е град со најголема заедница на израелски Арапи од кои дури 31% се христијани. Во стариот дел на градот има тесни улички со арапска чаршија. Делот од градот кој е основан во 1957 година, Натзерат Илит, бил населен со доселеници од Советскиот Сојуз, а денес го носи името Ноф ХаГалил (или во превод Поглед на Галилеја). Назарет е збратимен град со Фиренца.

Назарет е многу стара и древна населба. Неговото формирање се проценува некаде околу 2200 година пред новата ера, кога бил многу мала населба. Во големина на град пораснал во 300 година од новата ера. Сѐ на сѐ, значи дека е стар над 4 милениуми.

реклама

Една навика после јадење ќе ви го подобри варењето и здравјето на цревата

Read more

Како настанува нафтата? 5 факти што секој треба да ги знае

Read more

Сувата уста може да биде предупредувачки знак за сериозни здравствени состојби

Read more

Најлоши места во домот за собни растенија

Read more

Вести

Уредите на Apple наскоро ќе може да се контролираат со очи

Read more

Австралија целосно ги гаси 3G мрежите

Read more

Јапонците ќе го градат првиот брод на пелети

Read more

Минатото лето беше најжешкото во последните 2.000 години

Read more
 

Гик

  • play_arrow

Grand Theft Auto 6 ќе пристигне во 2025 година

Читај повеќе
  • play_arrow

ChatGPT доби надградба на која само небото ѝ е граница

Читај повеќе

Canon потврди: Доаѓа моќниот EOS R1

Читај повеќе

Приватен простор и подобaр мултитаскинг: Пристигна Android 15 Beta 2, еве што сѐ носи

Читај повеќе

Никола Тодороски: „Наша гордост. Наша одговорност“ ми отвори нова перспектива колку може позитивно да се влијае

Читај повеќе

Микробите и нивното изненадувачко влијание врз нашето социјално однесување

Читај повеќе
  • play_arrow

Уредите на Apple наскоро ќе може да се контролираат со очи

Читај повеќе

Игрицата EA FC ја губи лиценцата за Интер во следното издание

Читај повеќе

Австралија целосно ги гаси 3G мрежите

Читај повеќе